Не е можна енергетска политика без сопствена енергија.
x
Наместо референдум некој удара на тапан рум – дум – дум.
x
Животниот пат не се одвива на слепи колосеци.
x
Безумните ги парализираат разумните.
x
Тешко било да се пресече Гордиевиот јазол, но денес не е можно бидејќи има премногу јазли.
x
И на тешкото му е се ‘- потешко.
x
Кај има сила – нема правдина, а прашање е колку има демократија.
“Д-р Хаџи-Васков”