ПИТУ ГУЛИ ВО ЛАЖАНИ

Трета

По три кола во фудбалската Трета лига – Југ, водечки е Питу Гули. Крушевчаните дома (на Могила во Прилеп) со 7:0 го растурија некогашниот второлигаш Росоман. Сега на табелата прв е Питу Гули со максимални 9 бода, колку што има и неготински Вардар. В недела Питу Гули оди кај Слога во Лажани. Се очекува интересен дуел, со оглед на тоа што Слога е на четврто место без пораз, со две победи и едно реми. На последниот натпревар Слога со 4:2 победи во Обршани. Без пораз (со две победи и едно реми) е и третото Големо Коњари кое изваде 3:3 со Превалец во Велес.

В недела Големо Коњари дома игра со Младост, а на другите дуели: Бучин –  Росоман, Локомотива – Обршани, Вардар – Канатларци, Марена – Превалец.