КАРТУШОВЦИ НА БУГАРСКИОТ „ПОКРИВ“

Неколку десетина планинари од друштвото Картуш успеаја да го “гушнат” врвот Вихрен на планината Пирин во Бугарија. Иако патеката била напорна, со големи стрмнини и висински разлики, успеале низ облаците и лошото време да ја задоволат страста и да впишат уште еден трофеј во планинарската кариера. Му немало крај на восхитот од победата на дивината.

Но, ако го поразиле Вихрен, не успеале следниот ден да се искачат на вториот врв по големина, Мусала, на бугарската планина Рила. Времето не им било сојузник да ја освојат и оваа точка на прегратка на копното и небото.

Планинарите, водени од големата љубов кон природата, го оставија овој потфат за следната авантура.

Годинава тие ги “кутнаа” и развиорија знамиња на Митикас на Олимп во Грција и Триглав во Словенија.

Често им биле гости на нашите врвови Пелистер, Титов Врв, Љуботен и Кораб. 

Loading