– Детенце, ти ја слушаш ли мајка ти?
- Да
- А татко ти?
- И тој ја слуша.
Разговараат двајца алкохоличари:
– Имаш појадувано?
– Ни капка!
– Ало, пошта?
– Да, повелете!
– Ви се јавувам да ми кажете некој виц!
– Господине, ова е сериозна институција, ние работиме овде, немаме време за вицови!
– Хахаха, одличен е!!!