ТРНЛИВ ПЕТГОДИШЕН ПАТ НА РАДИО ПЕЛА

Колегите од Радио Пела слават пет години, откако сигналот стигна во етерот, но и преку интернет. Би требало сите да се среќни за збогатената информативна понуда, за шансата за избор повеќе.

Насместо да се празнува годишнината, во околности на криза, пандемија, неповолни економски текови, колегите од радио Пела стравуваат за опстанок. Иако привлекуваат слушателите со атрактивна програма, тешко оди преживувањето ден за ден. Прашање е до кога?

Слушаноста зависи од стопанството, кое е на сé пониски гранки. Главниот извор на финансии, рекламите, се сé помалку, поради  “недарежливоста” на стопанството. Бизнисмените стегнати во сопствените маки, сечат и штедат дури кај рекламите. А информативната програма, не само на овој медиум, се потпира главно од комерцијата.

Додека секнуваат стопанските славини, политиката на државата во медиумите, токмена од довчерашните колеги, сместени како портпароли на државна цицка, ја укинаа државната поддршка. Сметаат дека субвенциите за медиумите се зависност, чекор плус до корупцијата. Дури се скрои законско ембарго за платено емитување на информации во електронските медиуми дури за инфо за прекини на снабдувањето со вода или за нехигиенска вода во водоводните мрежи.

Додека Европа преку субвенции ги помага загрозените приватни медиуми, кај нас се одмага и постепено згаснуваат информативните куќи. Некому не му одговара транспаренстност. Или колку транспарентноста е потесна, толку се послаби демократските процеси. Затоа ескалираат шпекулации, дезинформации и лажни вести по социјалните мрежи.

Како и да е, новинарите се жилави и енергични. Не креваат бели знамиња, туку се борат за вистината до последниот здив.

Loading