ЧЕТИРИ ДЕНА ПРАЗНИК НА ПИВОТО НА УЛИЦА

Од 14 до 17 јули

Официјално е потврдено дека годинашното издание на светски популарната манифестација Пиво фест, по две години пауза, ќе блесне во полн сјај на булеварот како некогаш. Празникот на  пивото ќе се одржува од 14 до 17 јули на околу четири  илјади м2. Веќе се определува големината на штандовите на пиварниците и на останатата понуда на специјалитети на жар за мезе на слатко горкиот, студен, пенлив пијалок, додека општината подготвува паркинзи за гостите.        

Со малку резерва се откриваат атрактивните забавувачи за жешките јулски денови дење и ноќе. Ќе има многу изненадување под палката на шоу мајсторот, водителот Игор Џамбазов. Се очекува усогласување на термините за настап на Влатко Стефаноски, Дивље јагоде, Галија, Меморија, Ареа, Џамбо Агушев, Наум Петрески, Елена Велеска, Миле Кузманоски, Елена Петреска, Вера Јанковиќ, Четкар, Нокаут, Гуру харе, ДНК, Некст тајм, Лозано, Владо Јаневски, Супер Х,…

Како и да е, се спрема пивска треска. 

Loading