ФРИЗЕРСКО ШОУ

Сценски шоу настапи, забава и едукација имаа еминентни фризерски имиња од Прилеп, Македонија, како и гостите од регионот на Опен беаутѕ Хаир Фест Прилеп. Се одржа за прв пат и е единствен во државава посветен на фризерите. Фестивалот всушност е продолжение на досега направените два фестивали од ваков вид во Прилеп, но овојпат ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер.

Организатор на фестивалот, е Здружение за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Имаше и штандови со производи за нега на коса, опрема и алати.

Општина Прилеп и Регионалната занаетчиска комора му доделија “Златна плакета за особен придонес во фризерството” на Крешимир Здравески, идеологот и директорот на првиот Опен беаутѕ Хаир Фест Прилеп 2022     г.

Организаторот, Здружението Проевент Прилеп , му додели благодарница Жарко Јованоски за особен придонес во Секцијата на фризерите, берберите и козметичарите од градов.

Се одржа и детско фризерско шоу. Тимот од Србија направија креација на фризура со македонското сонце.

Средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, односно за изградба на трибини за теренот за вештачка трева во Прилеп.

Loading