Малиот Пејо го прашува татко си:
– Тато, да те прашам, зошто се ожени ти со мама?
– Слушаш ли жено! И на детево не му е јасно!
**********
Две пријателки си зборуваат:
– Не можам да си најдам партнер во животот, Цвето, и тоа е тоа!
– Како не можеш! Слушај ме што ќе ти кажам од искуство.
Тоа е како да патуваш со градски автобус
– го чекаш твојот број, а кога ќе ти дојде преку глава од чекање се качуваш на тој што ќе дојде!
– Е како така, а после што ќе правам ако не оди до таму?
– Па… Ќе се симнеш од еден, ќе се качиш на друг. Што му се мислиш толку!