ОТВОРЕНА КАПАЧКАТА СЕЗОНА ВО ФОНТАНИТЕ

Неколку храбри деца не одолеаа на мајската горештина од над 30 степени и побараа разладување во водите во фонтаната пред Комерцијалната банка. По обидот за совладување на вештината за пливање во тесниот и плиток простор, кој во гаќи, кој гол – дибидус, тргнаа на “печење” на силните сончеви зраци. Сигурно дека “ќе фатат” бронзена боја, зашто не испуштаат ден да се релаксираат со капење и сончање.

Се очекува наското отворање на неколкуте пливачки објекти под ведро небо во градов пред официјалниот почеток на летната сезона.  

Loading