Прилепски мајтапења
Стриковците Рампо и Цане, по некогаш знаат да се забаат на локациита за драпање.
– Рампо, Цане, од се натаму да си знајте, ако ве нема три дена на мегданов, че добијате откас – се закани еден од мустаќлија на итроманците.
– Не се вели откас, туку отказ – ги коригира стрико Рампо.
– Баго де, ќе сме добијале отказ. Није не сме на вункци, ние земаме пензија, ни плати и конорари – се спротивставува на заканата Цане.
– Не се вели вункци и конорари, туку функции и хонорари – исправа. праша Рампо.
– И да те разбравме и да не те разбравме, нас ни е преку оџојо. Важно било шо се вели, а не шо се прај?!
– Не прајте се удрени. Од денеска натаму, нема трте-мрте. Или че бидите тука или че ви ја дајме покапата… Че си побараме друзи.
Без чешитлаци дома не не прибира – вели мустаќлијата!
– Нас нé нема два-три дена, а во земјава од како сме осамостоени многумина со дебели плати и хонорари ги нема со месеци и години, па никому ништо!
– Е, тие шо и нема, кај одаа – праша еден загрижен?
– Некој се далдисани по светот, други ги полна земниците, трети печалат, четврти јадат од спечурченото, ами како…!
– Шо акат, ај акнале не се вратиле, а оние шо ги пра зимниците средлето, ги пра за да им се најдат в зима, а?
– Средлето ги полнеле зимниците, мижи Асан че ти бам – реагира стрико Цане.
– За вакви работи народецов рекол: -… Лаете за да ве ранат!
– Има и друг муабет. Рани куче да те лај – да не остане покусо, се јави Цане.
– Не го забошотувајте муабето. Кажете кој е кабајт – нервозно прашаа повеќедуши.
– Јонче од Клепач, кој можи друг да биди…
– Не прајте се зашондани. Иим проштаваат, зато ги нема. На оние шо не олеснуваат, им гледаат низ прсти – кажа Рампо.
– Да неје така, до се че и мавне в апсана. Тие се вардат еден со друг, од ова или од она партија. Исти се сите, само за дрпање од народот. Така остануваат без акбајт, а народот обран – одговориеден со торби в раце.