ЗЕЛЕНА ДИЕТА ЗА ЧИСТЕЊЕ И СЛАБЕЕЊЕ

Зелената диета се препорачува барем еднаш во годината. Содржи овошје, зеленчук, житарици и компири и малку немрсно сирење и млеко. Заабранети се гравот, леќата, грашокот, боранијата и сите видови на месо и јајца.

Денот почнува со цеден сок. За појадок се јадат цели плодови овошје или овошна салата која може да биде ужина. До пладне се препорачува само овошје. Следната консумација е најмалку по половина час. Во остатокот од денот се консумираат различни интегрални житарици, јачмен, хељда, пченка, па и варени компири како извори на енергија. Ручекот, главниот оброк содржи сок од свеж зеленчук, а во чинијата треба да има варен интегрален ориз или компир. Може да се јаде неограничено варен или динстан зеленчук без масло. За вечера се приготвува свежа салата од зеленчук.

Млеко и ферментирани млечни производи не смеат да се мешаат со ниедна друга храна. Оброкот може да се дополни со немрсно сирење во комбинација со зеленчук, најчесто како салата.

Зелената диета е наменета за детоксикација. Предизвикува загуба на вишокот на килограми. Богата е со прехранбени влакна кои ја поттикнуваат и регулираат дигестијата и помагаат во намалување на холестеролот. Зелената диета обезбедува мноштво витамини, минерали и фитохемикалии (антоцијанини од бобинките, бета-каротен од портокаловите плодови, ресвератрол и фенол од железото). Со неа нема внес на протеини, ниту од растително потекло. Не се препорачува да се држи подолго од десет дена.

Пример, пред појадок, чаша свежо исцеден сок без додавање на шеќер. Појадок, овошна салата со половина лажичка мед. Ручек, чаша сок од домати, густа чорба од морков со парчиња тиквички и интегрален ориз, парче тостиран леб, салата од свежа зелка. Ужина, чаша јогурт, обезмастен. Вечера, чаша сок од морков, шопска салата (без многу сол и масло).

Loading