НАРОДОТ ПРОТИВ ВЛАСТА

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски

“Дали има некој што е задоволен и го пофали пописот освен самата власт”.

Ова прашање го постави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на крајот на обраќањето пред Унијата на млади сили во Домот на културата во Прилеп.

-Одговорот е не. Пописот е е пораз, затоа што речиси 200 илјади се иселиле, тоа што имаме 132 илјади непопишани граѓани. Тоа говори за кредибилитет на пописот. Сето ова покажува дека се исти страдањата и маките на сите луѓе во Македонија. И причината е иста, а исчезнуваме како нација. За 200 години тој процес со оваа тенденција би бил комплетен –  рече Мицкоски.

За него, поракатаод пописот е поразителна, оти општеството се поделило и за ова прашање.

-Срцето ми се пара кога гледам дека Македонците се поделија во време кога треба да сме обединети и цврсти како карпа. Оваа поделба не е случајна. Само погледајте кој има најголема полза од ова. Премалку сме да се делиме, затоа порачувам дека е потребно обединување. Таква порака испратив до власта кога актуелно беше прашањето со Бугарија. Подадов рака да се обединиме, но владата не се надрасна и таквата волја не ја искористи за доброто на државата – рече Мицкосски.

Тој испрати порака за обединување на народот против власта.

-Потребно е обединување и надраснување на сите наши разлики и поделби. Затоа што влегуваме во финалето на уривање на оваа власт позната како најкриминална и најнеспособна. Силата на обединувањето треба да биде голема, затоа што целите пред нас се големи. Народот против власта. Избори многу скоро ќе има. Знам дека ВМРО-ДПМНЕ некогаш прави и грешки, но од тие пораки влечеме поука. Внимаваме да не се направат грешките од минатото. За тоа што грешевме, побаравме прошка и се извинивме. Ви благодариме за поддршката на локалните избори рече Мицкоски.

Loading