НЕМА ПОСТРАШНА СМРТ ОД ИДЕНТИТЕТСКАТА

Пред неколку години како претседател на комисијата за значајни настани, датуми и личности при Советот на општината Прилеп, имав идеа една од прилепските улици да биде именувана “Украина”, како благодарност за воената помош во 2001 година. Чекавме нешто позначајно, да се именува “8-МИ СЕПТЕМВРИ”.

Сите видови војни се зло. Сите жртви заслужуваат поддршка. Совеста  е единствено средство и сила против војната. Разумот нема граници. Совеста треба да го контролира разумот. Но, што ќе ми е светот, ако ја нема Македонија. Оваа Македонија, во која живееме, не е прифатлива за меѓународниот фактор. Брисел и Вашингтон дозволија историските приказни да станат врвен европски услов. И сето тоа да се натовари на нашиот грб. Големите држави прават што сакаат, а малите го прават тоа што мораат. НАТО воено не í помага на Украина, бидејќи Украина не била членка на НАТО. Па и Косово не беше во НАТО, кога НАТО ја бомбадираше Србија.

За мене ќе остане непријател западната политика. Политичарите ми ја окупираа Македонија да не присилат да се откажеме од македонизмот. И продолжуваат со својот терор врз Македонија. Не им заборавам, само ја следам Божјата промисла – не чепкајте го името Македонија. Брутална окупација на еден народ, независно дали доаѓа преку тенкови или пенкала. Зарем мислат дека сме неинформирани идиоти и не знаеме што ни прават со Преспанскиот договор. Зошто од АСНОМ го избришаа Манифестот, декларацијата за основните права на граѓаните, решението за македонскиот јазик како службен јазик и решението за Илинден за народен и државен празник. Во секоја држава изучувањето на мајчиниот јазик на нејзините државјани е обврска и право.

За минатото дискутира држава која ја изгубила војната. Ова што се случува со Македонија е Божја трагедија. Го изстружија македонизмот. Националните интереси на македонскиот народ се ставаат во графата национализам. Пропаѓа нација без патриотизам. Подаништвото ги разниша темелите на македонизмот. Зошто својата држава ја именуваат со еуфемизмот “нашата земја”, спомнувајќи некој си “бетониран” македонски идентитет и јазик. Немаме елементарно чувство за државност. Не се преживува на власт со антимакедонска основа. Не смеат да се прифаќаат понижувачки договори. Скандалозно неразбирање на бугарската позиција

Оној кој не дава право, нема право за себе да бара право. Таков бил бугарскиот устав. Па и тој е човечка креација.

ПРИМ. ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading