Бил некој поп шчо пејел на гробишта и шчо му носеле лепчина. Му викал на секој човек, маријовец:
-Лепчината се мали! Оти не правите поголеми?
Се согласиле селаните:
-Ај че му месиме једен леб голем и ќе му го носиме на дрвје дома.
И му го месиле. Се кренале да му го носа лебо на дрвје. Го донесле до вратата, ами таа, мала.
Сељаните рекле:
-Лебо је голем и вратата не го вајча!
Попо им рекол на селаните:
-Лебо не је голем, ами вратата је мала. Мајсторо има кабајет! Урните ја вратата, да се внесе лебо во куќата.