30 ПРИЛЕПЧАНИ КАЗНЕТИ ЗА ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ

Казнети се вкупно 122 возачи за пребрзо возење на територија на СВР Битола, меѓу кои и 30 прилепчани.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат

Денеска (20.02.2022) во периодот од 12 до 18 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 122 возачи. Од нив 37 на територија на Ресен, 36 на територија на Битола, 30 на територија на Прилеп.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од МВР.

Loading