ДЕЦА СИ ,,ИГРАЛЕ,, СО СИГНАЛИЗАЦИЈАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА?!

Тројца малолетници ги промениле скретниците со кои се менува правецот на возот. Вработен од железничката станица за среќа, навремено забележал и ги вратил во првобитната положба пред возот да влезе во станицата.

Вчера околу 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп. Тие се сомничат дека во периодот од 16.50 до 17.03 часот на железничката станица во Прилеп ги промениле скретниците со кои се менува правецот на коловозната линија по која се движи возот и одзеле предмети кои се користат за сигнализација на возовите. Од страна на вработен тоа било навремено забележано и вратено во првобитната положба за влез на возот кој се чекал.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Битола.

Loading