ОД ПОНЕДЕЛНИК: ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ПАТОТ ГРАДСКО – ПРИЛЕП

Од понеделник ќе биде воведена измена на режимот на сообраќајот на патот Градско – Прилеп после мостот на реката Раец кон Плетвар. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 28.02.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1, Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница информираа од АМСМ.

Loading