Прилепските гинеколози успешно отстраниле цистична формација од јајник со дијаметар 25 см и тежина од 5 кгр и 280 грама. За ова напишаа на фесбук страната на Општата болница ,,Борка Талески,,.
,,Оперативниот тим при одделот за гинекологија и акушерство од нашата болница во состав Др Гоце Оропан, Др Весна Мијакоска, Др Влатко Кижески и останат здравствен и помошен персонал, успешно отстранија цистична формација од лев јајник со 25 см дијаметар и тежина од 5 кгр и 280 грама.
Под сигурно водство на анестезиологот Др Радмила Чавлеска, операцијата на пациентката со посебни потреби помина без проблем! Му благодариме на семејството за довербата во нас,, – стои во објавата на Фб.