Македонија, поробувана со векови, погазена од секакви војски, зашеметена од агресивни условувања на разни цркви и свештеници,окупирана од соседните држави во различни времиња. Со кој од овие сите посетители сме имале заедничка историја, освен окупаторска. Кога си на власт, да разговараш за идентитет, тоа е непочитување и на претците, и на идните генерации. Тоа не се договори, тоа се уцени. Секој нека си живее со своја вистина.
Група интелектуалци сугерираат да молчиме, во интерес на преговориве!? Вие никогаш не ни престанавте да молчите, во интерес на вашите лични интереси. Крајно е време и вие да се отрезните и ја согледате македонската судбина. Самото тврдење дека постојат Македонци како посебен народ, кои зборуваат македонски како посебен јазик, за Бугарија е говор на омраза. За македонскиот јазик одлучуваат оние кои во Македонскиот Парламент не го говорат македонскиот јазик. Парадокс невиден во светот. Сега од нас се бара признание дека сме имале заедничка историја, да признаеме дека националните корени и потеклото на јазикот до 1945 година ни бил бугарски и да признаеме дека Бугарскиот фашизам во Македонија не постоел. Барањето за влез на Бугарите во уставот е барање мнозинскиот народ во Македонија да се означи како дел од бугарскиот народ и претворање на Македонија како втора бугарска држава. Како тоа да го сервираат на македонскиот народ за тој тоа успешно да го проголта. Мерките за цивилизираност на една држава е нејзиниот однос кон малцинствата. Со децении Бугарија одбива да го признае македонското малцинство. Но, секогаш не било така: Кога Бугарија поднесла молба да стане дел од ЕУ, во февруари 1999 година, решила да го признае македонското малцинство дозволувајќи регистрација на политичката партија ОМО-Илинден-Пирин. Но, по само една година од регистрацијата, на 29 фебруари 2000 година, уставниот суд на Бугарија, ја прогласува партијата за неуставна. Интересно е што тоа го направиле по само две недели откако го добиле датумот за преговори со ЕУ !!! Унијата тогаш замижала,но изгледа дека и денес не и се гледа најдобро! Како гласи Хрватскиот устав за влез во ЕУ: Хрватска е држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства. Добар пример и за нас! Ако Бугарите бидат запишани во уставот, тоа е опасна бугарска јадица со територијални и етнички претензии. Време е конечно и Македонците повторно да влезат во преамбулата на македонскиот устав!! Со нашата сервилност и отстапки, дефинитивно го нулираме македонизмот.
П.С. Во Кина се казнувала и неискажана мисла. Во Северна Кореа можеш да ја искажеш својата мисла, но не ти гарантираат после тоа.
ПРИМ.ДР.Б.ДАМЕСКИ
![]()

