ДОМАШЕН ЛЕК ЗА ЗАБОБОЛКА

Забоболката често предизвикува големи проблеми, а во случај на силна болка се препорачува да се оди на стоматолог. Меѓутоа, ако не може да се стигне до стоматолог, еве еден рецепт за домашен лек. Потребни се по 1/2 лажичка каранфилче во прав и кокосово масло. Во стаклен сад се мешаат двете состојки до паста. Се користи четка за заби за да се нанесе пастата на болниот заб. Постапката се повторува трипати на ден и болката исчезнува.

Каранфилчето содржи еугенол што ја ублажува болката. Кокосовото масло има антимикробни својства.

Loading