Една стрина во некое село одела овчарка. Ги пасела овците со внучето од брат на мажот í. Стрината, ден за ден, навикнала да се онади со селските овчари. Ги менувала ко да í се нејзини мажи. Еднаш ја видело внучето. И овчарот го видел детето и со бегање се одалечил од онадувањето.
Уште недоистресена кошулата од борбата со овчарот, внучето í рекло:
– Не ти чини тоа што го правиш стрино со фиљан овчар. Ќе те кажам на стрико ми!
Стрина му на внучето му рекла:
– Мојава каса! Виде како бегаше фиљан овчар? Од болештина фати фит- фиделија. Повеќе нема да се врати кај овците. Тебе ќе ти се навртам и пробај да се увериш! – му рекла стрината на внучето.
Внучето се прелагало. Го кренало пемперето, го пуштило на стрина си од назад меѓу нозете. Стрината, стара вампирка, му го фатила мандалцето и силно го штипнала. Го доболело внучето, спискало и побегнало. Оттогаш сватило дека каса палежна женска нареда.
Внучето пораснало момче. Дошло време за женење. Ама, не сакало да слушни за женидба. Се бранел дека каса женската нареда. Не кажувал кој му го рекол тоа. Со триста марифети го прелагале, го ожениле.
Вечерта, момчето си легнало со невестата. Играта со невестата му се бендисала. Невестинската палежна, од која се боел, не го каснала. Се ослободил од стравот и животот му се засладил. Терале така секоја ноќ по неколкупати.
Една вечер отишле на слава кај нејзините родители. Момчето ја прашало невестата:
– Жено, вечерва кога и каде ќе си направиме слатка игра?
Таа му одговорила:
– Ами, ноќта е наша. Кога ќе си легнеме в постела кај нашите.
На момчето му останало во умо. Чекало да легнат в посетла и да си ја потера слатката игра. Откако вечерале, домашните спремале за ноќевање на гостите. Сите нашле место за лежење. Домаќинката немало постела. Легнала кај ќерка í и зетот. Наместо да легни до ќерка си, легнала до зетот.
Утрото станале и се спремале за на гробишта и за в црква. Запалиле свеќи, ислушале богослужба. На идење, попат, мажот í рекол на жената:
– Ноќеска, кога те онадев, толку ми беше слатко, а ти не проба ниту да ме бакниш.
– Мажу ти нешто ноќеска не ми направи. Ништо не сетив. Јалнаш си. До тебе спиеше мајка ми, ти нејзе си ја онадел.
– Не, ти беше – тврдел зетот.
Жената остро го погледнала:
– Мајка ми си ја онадил.
Зетот се засрамил.
– Можи, пак сонував.
Ја прашал баба си:
– Како помина во нашата постела?
– Од убаво, поубаво. Како во младите години со дедо ти. Зетенце, неискусно детенце, во една постела, ај женина, бабина, царичина, магаричина, ист е мирисот. Слепијо и шутијо влева секаде. Нема рогови да се врати и да не го бери. В постела нема род. Тој род не познава. Не í кажувај на ќерка ми да не ти се освети. Речи í дека не било јаве, туку само сон – го опоменала бабата.
Искусната баба, со итроштина, ја сокрила сладоста на тврдиот зетски кочан како од времето со нејзиниот маж.