„КРИЦИ ОД ДАМАРИТЕ“ – НОВА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД БЛАЖО СТОЈАНОСКИ

blazo stojanoski

,,Крици од дамарите,, е новата поетска збирка на сограѓанинот Блажо Стојаноски. Таа е петта во творечкиот опус. Објавени се 65 песни со историска содржина.

Збирката е ново поимање или трагање по духовното самоизлекување, излив на внатрешен порив, каде во сенката на солзите и плачот на мајките застанува неговиот здив. Збирката е плод на долгогодишна дружба со дејствијата и творбите, видување низ призмата на возрасност.

-Таа е суверен сведок за идентитетот, традицијата, културата и уметноста, не само на еден културен контекст, туку и светско колективно добро, овозможувајќи да се комуницира со едно уметничко видување како документ на реалноста, каде се активираат најпасивните механизми за восприемање на патриотизмот и љубовта кон својата татковина – забележува критичарот Мирко Томевски.

Според Мирјанка Селчанец, Стојаноски ја седнал на престолот љубовта кон родната грутка.

Стојаноски поодамна пишува поезија и раскази. Во 2014 година ја објавува првата збирка стихови, а потоа уште четири со 350 песни. Досега објавил околу 1000 песни со различна тематика.

Loading