НЕМА ПОЧИНАТИ, НИТУ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Заради короната

Нема починати од коронавирусот мината недела. А нема ниту полициски час. Од 7 до 13 јуни во општинава имало само 8 нови случаи на Ковид-19. Активни се 20 случаи. Во болнички услови се лекуваат 3 пациенти, а на домашно лекување се наоѓаат 17 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.319. Од почетокот на пандемијата, од коронавирусот починале 426 лица. 

Владата на 15 јуни одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните. Повеќе нема да има полициски час. Забраната за 100 гости на свадби исто така е укината и дозволени се концерти и забави. Одлуката следеше по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на ковид19 и зголемување на бројот на вакцинирани.

Loading