ОБРАТЕН МУ СЕ НАТОПОРИЛ НА ПЕЈO

Пејо во Америка го учел јазикот, се шегувал со минувачите, со соседите… Станал омилен. Сите се смееле на досетките и ги раскажувале. Го предложиле да води смешна емисија на радиото. Слушателите со нетрпение чекале и со задоволство ги слушале неговите шеги.

 Си велел – ,,Бре, што биле овие Американциве и за мајтап плаќале. Со Насрадина со векови го смејвме народот и ни една лира не добивавме,,.

Пејо со група учители Мариовци одел од место до место да прави скечеви. Со учителот Стојан, навечер ќе стигнеле, ќе кажел некоја смешка и ѓаволштина. Откако ќе поткаснеле, се враќале. Во една македонска колонија облекол чисто руво, ставил лаковани чевли на ноџиштата, облекол кошула со запетлување, ставил вратоврска црвена ко мисир, ја покрил глаучката со шешир, море клал и зрцала темни да не го познаваат. Се сторил ко битолски конзул. Се збирало илје-милје народ да го слуша  и да се смее.

Така не минала година во Америка, веќе чисто баткал ингилиски, со по некоја дума мариовска.

Му дошле будалите да се жени. Во една радио-емисија изјавил дека сака да стапи во брак со таква и таква личност. Слушателите сметале дека кажува некој мајтап. Потоа објавил и во весник. По некое време на определеното место за средба стигнал некој ниту машко, ниту женско. Нацрвен во муцките, напудрен, облечен во женска руба, а по ноџиштата полн со  влакна. Во одот џграбал бетар од Пејо. Дури и се препнувал со високите топуци. Пејо се претставил, а тој – таа го прегрнала и шлак-шлак со устиштата по образите. Почнал и да го штипка. Пејо итро í го слекол мантилот и што ќе види. Маж со долги гаќи. Почнале да се дрмолат на улицата и полицијата ги забрала в станица. Биле сослушани и казнети. Човечиштето заради прелага и врескотници на јавни места, а Пејо заради неред на улица.

Во Америка не било грешка и казниво да се земаат машки со машки, што вели народот наш, со давајгазиња.

-Шо немало по свето –  се чудел Пејо.

Loading