УТРЕ БЛОКАДА НА ПАТОТ ПРИЛЕП – ГРАДСКО

В среда тутунарите ќе блокираат патишта два часа           

            Тутунарите в среда од 10 до 12 часот ќе го блокираат патот Прилеп – Градско кај Заполшки мост. Протестот е израз на револт од, според нив, нереалната проценка на тутунот од годинешната берба. Тие се закануваат на пораст на времетраењето и проширување на блокадите и на други патишта, ако откупувачите не прифатат реална и фер линија на проценка која, според нив, не може да биде под просекот од 200 денари за килограм.

protest 2

            Тутунарите го кренаа гласот, бидејќи на стартот на откупот, проценката на родот била во просек од околу 120 денари, иако квалитетот бил повисок, но за нијанса со послаб квалитет од лани.

            Тутунарите една недела ги бојкотираа откупувачите, а незадоволството го изразија со демонстрации низ Прилеп. Во петокот имаа средба со откупувачите во Скопје, но според тоа што се случува со проценката на пунктовите, не нашле заеднички јазик.

            Иницијативниот одбор најавува можност утре во Прилеп да дојде министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

            Десет компании се очекува од 30 илјади кооперанти да откупат околу 23 илјади тони договорен тутун. Се проценува дека реколтата е потешка за околу илјада тони. До замрзнувањето на откупот се презедоа околу 300 тони

Loading