ПОЧИНАЛЕ 16 ПРИЛЕПЧАНИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА
Во Прилеп за периодот од 8 – 14 декември починале 16 лица од Ковид-19. Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица имало 292 нови случаи. Активни се 893 од кои 706 лица се домашно лекување, а 102 на болничко и 85 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се 60 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се 1.502 лица.
Од март досега се заразени 3.675 лица.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 167 лицa.