Единаесет прилепчани во поетската збирка „Метрички карван“

Единаесет прилепчани застапени се со песни во збирката поезија „Метрички карван“ во издание на Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија. Седмото изание вклучува автори од Гевгелија и Прилеп. Застапени се песни од прилепските поети: Василе Димески, Петар Петрески, Славчо Ковилоски, Сузана Ѓорѓиевска, Кирил Михаиловски, Игор Трпчески, Габриела Стојаноска-Станоеска, Тони Павлески, Жаклина Свеќаровска, Кирил Бисероски и Александар Војнески.

Во изборот доминираат автори од помладата генерација творци кои, како што посочуваат составувачите, „со себе носат современ поетски сензибилитет кој ги воспева егзистенцијалните норми и димензии како мисла и смисла на светот и векот – минливоста, бесмислата, апсурдот и парадоксот“.

– Во просторот се откриваат нивните бои, мириси и вкусови. Така, во гевгелиските воспеви зад секој збор се калинката, смоквата, грозјето, крапот, молкот на езерската вода, а легендите и преданијата како далечно прилепско ехо ги отсликуваат каменот, карпите, тутунот – соопштија Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров, составувачи на поетската книга .

Poetska zbirka Metricki karvan

Loading