ВИДЕО:Тутунарите го блокираа шест часа Плетвар

Тутунарите од Прилеп засилени со колегите од Пелагонија го блокираа патот Прилеп – Скопје на превојот Плетвар 6 часа, во знак на незадоволство од ниските откупни цени на тутунот од годинешната берба. Бараат просечната цена да не биде под 200 денари, додека откупувачите веќе го преземаат родот за просек од 120-130 денари за килограм.

Fotografija i video od blokadite na tutunarite od nivnata Fb stranica

Според тутунарите, се протестира и во Велес и Конче, а во Струмица и Радовиш полицијата ги забранила блокадите. Утре таму ќе одат членови од Иницијативниот одбор, а во Прилеп ќе дојди министерот за земјделство и претставници на откупувачите.

                Тутунарите бараат писмени гаранции зголемување на цената за да не бидат повторно излажани.

                – Нема маката да ја дадеме две класи подолу од реалната вредност. Бараме писмени гаранции за договореното во Скопје. Тоа е 5 отсто одбиток максимум и откуп на секој килограм на тутун по реална цена. Меѓудругото, и флексибилна проценка како лани. Ако ова се оствари тутунот ќе дојди до просек од 190-200 денари за килограм – истакна Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на тутунарите.

                Тутунарите побараа помош и од пратениците, затоа што посоти ризик револтот излези од контрола.

                -Бараме да се влучат и пратениците и премиерот, пред да стане хаос -изјави тутунарот Џемал Назифоски.

                -Квалитетот го земаат во четврта и трета класа, а лани  го преземаа за втора и прва класа. Бараме втората класа да оди во прва. Нема да дадеме втора да се плати за четврта класа – порача тутунарот Ријат Рамичевиќ.

                Утре блокадите ќе бидат кај Заполшки и Склештен мост од 10 до 16 часот. Блокадите ќе запрат доколку утре најдат заеднички јазик на средбата со министерот и откупувачите.

Loading