БОСИЛЕКОТ Е КРАЛ НА ЛЕКОВИТИТЕ БИЛКИ

bosilekДоктор и професор на медицински факултет во Србија, специјалист за белодробни, алергиски и имунолошки болести, смета дека секој ден треба да се консумираат зелените билки. Според него, тие се клучни во исхраната. Најдобро време за берење е пред да создадат семе, односно пред да процветаат. После хранливите материи се концентрираат кон семе, а во листот остануваат малку.

Докторот во пензија смета дека босилекот е крал меѓу билките. Затоа  треба да се користи во секојдневната исхрана на различни начини. Не само како зачин во јадењата, туку и во салати или чај. Содржи антибактериски и антибиотски својства. Има силни антиоксидантни својства со фолната киселина, есенцијалните масла и танини, како и речиси сите витамини. Главни хемиски состојки му се естрагол и линанол. Босилекот содржи витамин Ц, еугенол и камфен. Докажано е дека овие материи ефикасно делува при лекувањето на белите дробови, како што се настинка и туберколоза. Оваа билка лекува синуси и различни воспаленија, настинки и температури, грип, астма и бронхитис. Ублажува и стомачни тегоби, го подобрува варењето и апетитот.

За лекување на заболувањата на респираторните органи, добра е мешавината од листови на босилек со ѓумбир и мед. Оваа смеса ја ослободува дишните патишта блокирани од вишокот на слуз. Паралено се ублажува иритацијата од кашлицата, пецкањето и гребењето на грлото. Извонреден е и чајот од ливчињата на босилекот.

За воспалено грло се потопува босилек во топла вода. Се остава еден час, се процедува и со водата се гаргара. Со џвакање на листовите од босилек се лекуваат инфекции во усната шуплина, крвавење на непцата и се отстранува лошиот здив од устата. Консумирањето на босилекот го намалува нивото на холестеролот во крвта, ризикот од срцев удар и кардиоваскуларни заболувања. Ги јакне бубрезите и ја подобрува нивната работа. За исфрлање на бубрежното камче треба подолг период на консумација на босилек и мед.

Босилекот е богат со витамин А, погоден за одржување на здравјето на очите. Со него расте отпорноста на различни болести. Тинктурата за дезинфекција на рани, како облога против различни осипи на кожата или убоди од инсекти, се приготвува со 20 гр. ситно сечкан босилек кој се прелива со сто милилитри алкохол, кој стои две седмици, па се процедува и се чува во добро затворено стаклено шише.

Професорот вели дека босилекот е цар на лековитите билки, а тегавецот е царица, бидејќи лекуваат бројни заболувања на внатрешните органи, инфекции и повреди на кожата.

Loading