ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (25)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul 1

Во почетокот на 1919 година младите марулски момчиња Јанкоски Богдан, Јанкоски Петре, Новачески Јован, Стеваноски Најдо, Мурџески Цветан, Мурџески Јован и Павлески Трајан во ноќно време оделе во с. Бонче, сечеле фиданки од тамошните јасики, ги саделе во марулските реки да го разубавуваат селото Марул со зеленило. Поготово Јанкоски Богдан насадил многу јасики кои и денес после сто години ги има преку десет корени кои се со огромна височина и ја красат реката Орев.

Танески Стојче неостанал покусо од таа идеја. Донесол од Прилеп една полна запрежна кола со фиданки од јасики. Неговите домашни луѓе, синот Мице и внукот Трајан ги насадиле во реката смрдело, местото влажно се фатиле сите и навистина местото го красеа. Меѓу постарата генерација се истакнал со садење на јасики Јованоски Илија откако се вратил од Прилеп во 1921 година, а додека од помладата генерација за садење дрва биле поактивни Василоски Милан Борачо, Јовчески Ванѓел кмето и Мурџески Степан. Со садењето на јасиките селото Марул добило вистинска слика за селска населба каде птиците биле стално присутни со нивните весели песни.

Во пролетта 1919-та Дамјановци или Василовци, Јанковци и Колевци и Таневци Горните од прилепските сточари зеле булучина овци за пасење, приходот од волната и млекото го делеле на половина со тоа Дамјан, Богдан, Стојко и Крсте поред стојчевите овци се појавиле како нови овчари во марулскиот сињор. Селската населба почнала да личи поубава населба. Домаќинствата се повеќе се стабилизирале, го отфрлале стравот и бедата.

Во почетокот на 1920 – та година заминале првите марулски војници за отслжување на двегодишниот воен рок, тоа се Јанкоски Ѓорчев Богдан и Јованоски Талев Тодор. Во селото биле назначени потребните луѓе за извршување услуги во селото Марул. За селски кмет властите го назначиле Танески Стојан место дотогашниот селски кмет Колески Стојан. Селски полјак бил назначен Јанкоски Ѓорче. За протуѓар бил Колески Боше, за црквени служител притруп дотогашниот притруп Павлески Јован. За говедари биле Петрески Аце Бабјак и Стеваноски Младен. Селски поп бил Петре Перасан од Прилеп.

Во истата година 1920 – та од новите склопени бракови се родиле повеќе деца. Василоски Јованов Трајан, Василоска Стојанова Цвета, Велјаноски Ристев Ѓорѓија, Јанкоски Ристев Дончо, Јованоски Јованов Ванѓел, Јошески Божинов Петре, Петрески Велјанов Кристо Бабјак, Павлески Трајанов Јованче, Мурџески Ристески Цветанов Богоја, Стојаноски Илиев Ѓорѓија. Павлески Јованче е роден кај Макаловци во с. Г. Коњари поради од малечок израстил во Марул е марулчанец.

Во истата година 1920 –та се направиле свадби. Дамјаноска Василова Султана се омажила за Буцкоски Трајан во с. Подмол, Котеска Котева Цвета се омажила за Мицески Ѓорѓија во с. Мало Рувци. Танеска Менка, внука од сестра на Стојче и Ризо сирачка по родителите од с. Мојно Златевци израстила кај Таневци. Вујчејте Стојче и Ризо ја омажија за Митрески Трајко од с. Маково. Здравески Ристе татко на Танеска Стојаница Анѓа умре на осумдесет години во фамилијата на ќерка му Анѓа и погребан е во пределот на Танеските гробишта во Марул. По барање на селскиот кмет Танески Стојан го заменил Гулабоски Димитрија.

Во наредната година 1921 била повозбудлива година во политичка смисла. Македонскиот народ бил наречен Јужни Срби со Вардарска Бановина, сиот дотогашен македонски идентит бил со закон забранет од страна на српската буржоазија. Сите написи биле вандализирани по гробовите и училиштата. Во црквеното пеење било забрането, се вовело црквено српско пеење.

Власта на државата била во рацете наСрбинот Никола Пашиќ, Хрватот Трумбич и Словенецот Супела. Македонците поради од војната биле во економска беда исто важи и за марулци кои повеќето биле момци кај турските бегови, без своја сопствена земја.

Кај беговите работеа во големи семејства не поделени. Беговите бараа да има орачи, овчари, говедари, косачи, копачи, жетвари, а не ситни деца правење трошок на неговиот капитал. А додека заработувачката била три со еден за беговите. Рајатските фамилии имале по некое парче земја сопствена земја со класа шест, седум и осум неплодна. Така да Колеските браќа наречени Грујовци Долни Колевци четворица браќа Боше, Коле, Риза и Трајан фамилијарно биле момци кај бегот Јусуф Зелен Паша.

Колевци Горните наречени Мојсовци исто така не делени Јован, Богдан, Крсте, Мојсо, Петре не делени со луѓе од триесет мина работеле момци кај беговите Емин и Ремзија, два родени браќа.

Јоновските браќа Митре, Ѓорче и Тале не делени со големи куќни фамилии биле момци кај бегот Тефик Утоски. Меѓу нив придружен и Велјан Гулабоски.

Јанкоските браќа Ѓорче, Илија и Стојан не делени со своите фамилии биле момци кај братот на Тефик Осман Утоски. Стеваноските – Гулабоските браќа Огне, Ристе и Мијале не делени биле момци кај бегот Амдија Утоски. Во нив приклучена фамилијата на Толе домазето Корак. Фамилиите на браќата Цветко и Петко Џелиноски фамилијарно работеле кај бегот Амдија Лазески, меѓу нив приклучени фамилиите на Новаче Гулабоски и Здравески Стојан Вепрчански. Фамилиите на Јоше Здравески лопатичанецот и на Китевци момокувале кај Арнаутите Салиовци – Јунузовци. Фамилиите на браќата Здраве, Ристе, Степан и деленицата Дојчин наречени лаговечки Здравевци работеле како момци кај бегот Беќир Цацоски прилепчанец. Откако се делил Дојчин од Здравевци и Грујовци постанал рајатин. А додека Николе Гулабоски откако го изгубил чифлигот со превара на Аце Џуке од Прилеп постанал момок кај бегот Осман Утоски.

Исто така и рајатоските куќи живееле со големи фамилии во заедница. Дамјаноски или Василовци тројцата браќа Стојан, Јован и Мицо со своите фамилии живееле во заедница со фамилијата на стрико му Дамјан. Котевци Божин, Илија и Тодор, браќа живееле фамилијарно во заедница. Павлевци четворица браќа Јован, Петре, Стојан и Тасе долго време со своите фамилии живееле во заедница. Таневци од прадедото Тане, па се до вторите братучеди Стојче и Стојан кога се ожениле некаде во почетокот на 1890 –та година се делиле на Горни Таневци Ристевци и на Долни Таневци Атанасовци. Стојче во 1919 година изградил куќа.

Времето изминало, три години од Првата светска војна, но големопоседниците,  беговите се повратиле по селата кај своите имоти со без некоја голема моќ како за време на отоманската власт.Беговите почнале да преговараат за доделување обработлива земја за под кирија на домаќинствата кои се заинтересирани за таква идеја. Тие фамилии што имале поголема моќ зеле земја за обработување под наем, со кирија.  

Продолжува

Loading