ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (24)

marul 1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Број 4

Омажени девојки од Марул во други населби

Јанкоска Мара мажена за Ристе од с. Путурус.

Јанкоска Митра мажена за Толе Стојан Слепчески, с. Г. Агралци

Јанкоска Стојанка за Здраве Лопатички од с. Варош

Јованоска Ордена за Мицо од с. Прилепец.

Јованоска Петра за Ѓоре Недески, с. Алинци, прилепско.

Колеска Грујоска Илинка за Тренчо Белески, с. Путурус.

Павлеска Петра, маж Стојко од Бугарија

Павлеска Стојна за Мице Ќирбин од с. Лопатица п – и – о

Павлеска Ристана за Мирче од с. Врбоец, прилепско

Број 5

Омажени марулски девојки од Марул во Марул 1915 – 1918

Јанкоска Дуна за Стеваноски Гулабоски Најдо

Јованоска Сребра за Јанкоски Трајан

Танеска Мара за Грујоски Колески Богоја

Број 6

Оженети 1915 – 1918 година

Јанкоски Петре за Невена Цоцеска с. Црничани, подмолско

Јованоски Тодор за Цвета Перкоска с. Алинци, прилепско

Мурџески Цветан, име непознато набргу умрела од с. Шелеверци

Број 7

Родени од 1915 до 1918 година

Јованоска Тодорова, умрена некрстена 1917 година

Дамјаноски Дамјанов Никола 1917 година

Атанасоска Ризова Цветанка 1917 година

Павлеска Петрева Трајанка 1918 година

Петреска Велјанова Блага 1918 година

Број 8

Жители во с. Марул пред војната 1915 – 1918 година

Пред војната 1915 – 1918 година во с. марул живееле 254 жители од кои биле 241 Македонци православни христијани и 13 Арнаути муслимани. Но воената ситуација ја изменила бројноста на населението.

Македонски православни христијани умреле 61 жители.

Умреле арнаутски муслимани 5 жители.

Иселени македонски православни фамилии не вратени 46 жители.

Омажени марулски девојки во надворешниот свет се 9.

5. Останато лојално население во Марул од кое се 125 македонски православни жители и 8 арнаутски муслимани или 133 жители во с. Марул на завршетокот на Првата светска војна 1915 – 1918 година.

Војната завршила, меѓу народот била голема радост. Тие што немале дома жртви биле посреќни од тие што имале жртви. Сепак од злото најдобро било што завршила, помалце биле што немале домашни жртви, а додека сите биле подеднакво материјално оштетени.

Таневци долните Атанасовци и поред трите умрени лица Атанас, Атанасица Дуна и внукот Сребре посреќни што младите ергенчиња Мице и Трајан родени во 1895 година ја избегнале војната обавеза кај српските и бугарските воени власти да бидат мобилизирани и отерани на фронтовите за митралеско и топовско месо. Биле обавезани со сета нивна стока крупна и ситна ја чувале три години во с. Десово. Штотуку завршила војната во 1918 година ја дотерале целокупната стока во Марул. Со неколку десетици на крупна стока и со неколку стотици ситна стока, овци, кози, кокошки и свињи. Према кажувањето на постарите марулци кои имале мали деца преживеани од војната ги носеле кај Таневци да ја гледаат нивната стока исто како во зоолошка градина.

Исто така се слушаше со низок шептечќи преносен глас од постарите марулци да нивните куќарчиња биле бугарски магазини за бугарските воени коњи со житна храна зоб, јачмен кога Бугарите го напуштиле фронтот во куќарчињата Танески да останале 600 вреќи јачмен, зоб или 60 илјади кила јачмен. Но никако јавно не се потврди. А додека останатите домаќинства во тоа време во Марул немаа дома едно житно зрно глушец да нахранат, камо ли човек.

Танеската хуманост према жителите во селото тогаш била голема хуманитарна помош. Штотуку си дошле од село Десово во Марул во есента 1918 година заклале големи хранети свињи, крмаци два. Едниот од крмаците го разделиле по куќи во селото, го делеле према бројот на домаќинствата. Додека едниот заклан крмак го задржале за нивна потреба. Исто така свариле сапун. На секое домаќинство му подариле по еден калап самоварен сапун да се измијат и да си ги исперат постелата и носијата.

Во годините 1919 и 1920 Танеските овчари и нивните домашни луѓе еднаш неделно со котлите полни млеко врвеле по куќи и оставале млеко према куќните луѓе, кому литро, кому литро ипол, кому две литри, зависело од членството на домаќинството. Ова млеко било на доброволен начин без никаква надокнада. Сакале селото да се стабилизира од тие тогашни тешки кризни времиња. Таневци таа хуманост ја правеле за деновите Велигден и Дувовден, колеле повеќе јагниња и јариња со помош на марулски колачи кои оделе, разнесувале месо бесплатно по куќите во Марул.

Се почна и со свадбени веселби, со женење и мажење. Во 1919 година се направија четири свадби. Се оженија Атанасоски Танески Стојчев Мице за девојка Џобеска Митра од с. Мало Рувци, Атанасоски Танески Ризов Трајан за девојка Чакмакоска Менка од с. Мало Рувци и Јованоски Ѓорчев Јован за невеста Шенгоска Петкова Ивана од с. Лопатица, прилепско. Се омажија Колеска Сребра за момче Николоски Тале од с. Алинци, прилепско и Гулабоска Новачева Виша за момче Мијале Мулоски од с. Мало Рувци.

Повеќемина вдовци останати од војната склопија нови бракови со вдовици исто така останати од војната. Јанкоски Ристе се прежени за Јованоска Анѓелејца Петра. Дамјаноски или Ристески Јован се прежени за Кузманоска Менка од с. Волкосело. Дамјаноски Ристески Стојан се преженил за Неданоска Делоска Андоница Митра од с. Штавица. Мурџески Ристески Цветан се преженил за Бозгеска Цветаница Трајана од с. Штавица, Стојаноски Дамјаноски Илија се преженил за Вршкоска Велика од с. Ерековци.

Почнаа и деца да се раѓаат. Се родиле Јованоски Тодоров Лазар, Колеска Грујоска Богојева Кита, Стеваноски Најдов Трајче, Јованоска Илиева Василка, Ризоски Колев Борис. Стеваноски Трајче набргу умрел додека Јованоска Василка и Ризоски Борис не се родени во Марул, се израстени во Марул, ги имаме како марулски деца.                

Продолжува

Loading