РАСЧЕШНУВАЊЕ ЗА УКА

Некој Турчин одел со некоја Мариовка. Ја држел како посестрима многу години. Невестата имала едно чупе малечко и израснало големо. Турчинот, побратим на мајка и, фрлил мерак, оти било младо и поубаво.

Рекол:

-Посестримо, ај да ми го прелажиш чупето да терам љубов и да ми биди посестрима. Че ти дам 15 лири.

Мајка í се нафатила да ја подведи ќерка си. Го кандисувала чупето да се предај, оти многу пари давал. Ами тоа не сакало.

Мајка му не можела да го кандиса со добро. Му рекла на Турчинот:

-Че ти го затворам и со сила вати го!

И Турчинот го фатил со сила да ја заљуби. Чупето се бранело многу време. Кога видело дека нема да се добрани од насилникот да го обесчести и дека немало како да куртули, го фатило Турчинот за шулиња и го искилавило. Турчинот паднал болен и липсал, дури да појди до градот.

Умрениот Турчин имал мал син. Кога пораснал, разбрал како умрел татко му. Отишол во Мариово да го тера чупето на љубов. И чупето се заљубило со него. Одело како посестрима и станало трудно. Кога родило дете, го фрлило копилчето в лозје. Разбрале селаните. Му кажале на кметот. Тој наредил да ја расчешнат копилашката, оти го фрлила детето в земја. Кметот ја прекорувал копилашката:

-Оти вака, напрај? За копилче нема закон. Го нејчат, не го примат, ниту водата, ниту земјата, оти е испогането. Да го врлеше во Црна Река и че рипни голем бран. Ако си близу, че те земи и тебе и че те удај. И земјата, колку здраво да е закопано, не го остава, дур не го откопа. Че се дигат облаци, дож че врни, град че толчи, земја че тргне место со вода и че го ископа копилчето. Дури не го ископа, није че страдаме за то шо го напраји, проклетнице, турска посестримо, че те расчешниме – рекол кметот.

Кметот собрал и стари и мали, и машко и женско од селото да гледаат расшчешнување, ука да учат. Нашле два коња. Ја врзале копиљашката по една нога за секој коњ, ги забркале коњите, еден влево, еден вдесно и ја расчешнале на две парчиња. Другите гледале да земат пример, да не прават така. Оттогаш тоа не е видено во Мариово.

Loading