УСПЕШЕН СТАРТ ЗА МЛАД МЕНАЏЕР

Петар Стојковски, менаџер за продажба за Србија од Витаминка – добитник на престижното признание  “2019 Business Elite’s “40 under 40” 

– Чувството е мотивирачко

Petar Stojkovski 3

 

На 23 октомври во центарот на Амстердам во историската Huis Bartolotti беа промовирани и им беа доделени статуетки на 40-те млади бизнис лидери под 40 години од десет земји од Југоисточна Европа. Меѓу 40-те најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери е и Петар Стојковски, менаџер за продажба за Србија во Витаминка. За него секој ден е нов предизвик и ден за постигнување на нов успех.    

На официјалната листа Business Elite Awards за 40-те наујспешни млади бизнис лидери од Југоисточна Европа за 2019 година се најдоа и најамбициозните македонски бизнисмени и менаџери. Прогласувањето на добитниците на престижното “2019 Business Elite’s “40 under 40”  признание се одржа на гала вечер во еден од најрепрезентативните историски објекти на Амстердам, Huis Bartolotti. По самитот на кој воведен говор имаше извршниот директор на Канадско-Холандската бизнис комора, Julie Allen, главни предавачи им беа успешните бизнисмени Daniel Hulme и Adrian Enache, сопственици на компании во Велика Британија за вештачка интелегенција и маркетинг.

Petar Stojkovski 1Како е да се биде во друштво на 40 најуспешни бизнисмени кои се под 40 годишна возраст?

– Чувството е мотивирачко. Изборот е на најуспешни бизнисмени од Југоисточна Европа, кај нас првпат и ние сме први наградени. Учествуваа 10 земји. Манифестацијата беше органзирана на високо ниво. Настанот се одржуваше во  куќа музеј, а изборот на најуспешни го направи организаторот врз основа на претходно утврдени критериуми меѓу кои и колку брзо се напредувало во кариерата, секако да се биде помлад од 40 години, на менаџерска позиција од средно ниво, па нагоре и да имаш успех во својот бизнис и тоа во краток период.

Ги задоволивте одредените услови односно да се постигне брз успех?  

-Започнав како бренд менаџер пред 7 години, откако завршив со студиите на Маркетинг и менаџмент, бев бренд менаџер, потоа подрачен шеф за продажба во извоз, после шеф за продажба што е една позиција погоре и од почеток на 2018 г., директор за продажба за Србија. Тоа беше новиот сектор за продажба што го отворивме, така што од  2018 г. во Витаминка имаме три сектори за продажба – извоз, домашен пазар и Србија како посебен секор. Практично за 7 години се искачив за 4 позиции – бренд менаџер, подрачен шеф, шеф и менаџер за продажба за Србија. 

Petar Stojkovski 2Успех е да се има 30 години, работно искуство од 7 години и да се напредува за 4 позиции. Што го носи успехот?

-Не можам да речам дека сум потполно успешен, ова е само успешен старт. Клучна пред се е работата, некогаш дури и не можам да одделам дали имам приватен живот, или работата ми е преку цел ден, знам дека треба да се направи баланс, ние сите така кажуваме, но работата ме исполнува и успешно се носам со таа моја преокупација. Размислувам за бизнисот преку цел ден, и дома, планирам што за наредниот ден, ретко ми останува некоја незавршена работна обврска, те мачи, ти тежи или ретко дури и може да се случи и да се заборави некоја обврска. Затоа посветеноста на бизнисот е постојана. 

Наградата е поттик за понатаму? Амбиции професионално? Србија е земја со најголеми бариери која се штити законски, но ја освојувате со квалитет?

-Србија е интересна како пазар за работа, и доволен предизвик. Претходно како шеф на извоз работев и за земји и од Блискиот исток, сите пазари се различни. Можеби потешко е со Србија, има голем потенцијал за нашите производи, и ќе се стремиме за поголемо ниво. Како нов секор во Витаминка  фокусиран сум на пазарот Србија, нашите брендови ги продаваат новите партнери, а приватна марка ние извезуваме директно кон купувачите.

Треба ли постојано да се следат законските измени и прописите, да се има сенс за бизнисот, за пазарот?

-Се разбира, секогаш во Витаминка строго ги следиме сите регулативи и стандарди за висок кивалитет. Се уште Србија ми е предизвик бидејќи е “тежок” пазар, како нов сектор сме фокусирани на тој пазар и вреди многу.  Потребна е напорна работа, треба енергичност и одлучност, ако некогаш треба многу брза одлука, храбро да се донеси, некогаш може е подобро е како што се вели “Да се преспие”. Таргет е да се постигне подобра препознатливост на брендот и повисок процент со кој Србија би учествувала во вкупниот процент на извоз на Витаминка. Целта е секогаш годишниот план да се оствари, секако и повеќе од планираното, но не од претходната година, туку од проекциите. За Србија во 2020 планирано ни е да ја зголемиме палетата на производи. Досега секој нов производ кој сме го пуштиле во продажба се лансирал мошне успешно. Србите ги сакаат нашите производи особено Стоби Флипс и Атлантис, добро се развиени овие брендови и има простор за многу повеќе, како и за секој нов производ што би го имале. Се надеваме дека во секој поглед 2020 би била подобра година.

viber image 2019-10-29 08-33-33

Како е да се биде дел од семејството Витаминка, не само како бизнис заедница, туку и со семејни врски, да се работи со твоите претци. Се вложуваш себе си премногу и како оди таа спрега, како олеснителна околност или пак повеќе обврзуваат роднинските релации?

-Предност е тоа што станува збор за фамилијарен бизнис, посветен си потполно и не си рамнодушен. Не завршува грижата со завршувањето на работното време. Го применувам она што може да се научи и ми користи. Од вујко ми ја учам одлучноста, од дедо ми размислувањето, времето што го посветува за следење на светските трендови за прехрана, а од мојата мајка храброста. Совети се примаат од сите. Среќен сум што можам да примам бизнис совети од моите најблиски и секогаш се добредојдени нивните позитивни критики.

Да се биде на официјалната листа на успешни бизнисмен под 40 години е состојба која покажува дека може да се биде и млад успешен. Но во време кога младите заминуваат од земјава, грешат ли, можат ли и тука да најдат работа и добијат квалитетен живот?

-Факт е дека младите заминуваат во странство. Од нивен агол, секој бара подобар живот, не можеш да ги осудиш. Но, убаво е да остануваат младите стручни кадри тука. Државата да биде со млади. Работа може да се најде. Ние како компанија моментно имаме млад кадар. Витаминка е фирма која е широко градена. Има различни сектори за секоја струка, правен, финансиски сектор, производство, место за технолози… Дури и се стипендираат одредени профили и струки. Со напорна работа, успехот не изостанува. У ште не се сметам за успешен менаџер, туку напротив менаџер со успешен старт. Бев и малку можеби и изненаден позитивно и мотивиран со наградата.

vo-amsterdam-dodeleni-40-pod-40-za-najuspeshnite-lideri-od-jie-04

Признанието е потврда за пожртвуваноста и посветеноста

Регионалниот директор за Југоисточна Европа, д-р Виктор Ѓорѓиески испрати искрени честитки до сите кои се најдоа листата, им посака добредојде во ексклузивниот клуб на директори Business Elite’s “Executive Club” и посочи:

„Ова признание е потврда за пожртвуваноста и посветеноста на сите 40 бизнис лидери кои се најдоа на оваа листа. Ве уверувам дека секој од нив има своја инспиративна животна приказна која може да претставува мотивација за сите нас, а посебно за помладите генерации менаџери и бизнисмени. Испраќам охрабрувачка порака до сите кои за жал оваа година поради исклучителната конкуренција не се најдоа на оваа листа да продолжат во остварувањето на нивните цели со уште поголем ентузијазам и залагање, а признанието за нивниот успех неминовно ќе стигне во блиска иднина.”

Loading