МЕГА ПЛОЧКИ ВО ПРОСПЕРО

После топлите подови и ламинатот           

thumbnail

 

Керамички плочки со огромни димензии во форма на квадрат или правоаголник од околу еден метар, но и поголеми и помали за модерни дизајни од реномирани италијански и шпански компании се дел од збогатениот асортиман на прилепската искусна фирма Просперо, која досега се препознаваше по топлите подови, килими и други облоги за подови. Во новата понуда во новиот блескав објект на Булеварот ,,Гоце Делчев,, покрај плочките е и модерната опрема на санитарија за бањи и различни видови славини. Необичните дизајни на тоалетни школки и лавабоа, заедно со туш кабини и слична опрема, предизвикуваат на реновирање на станбениот или на деловниот објект. Современите мега мерки овозможуват не само да се зголеми квалитетот на подот или ѕидот на бањата, туку брзо се монтираат. Промената има функционална и уметничка природа. Богатството од бои и дизајни се привлечни за љубителите на нестандардните решенија за  просторот за одржување на хигиената. ,,Џиновските,, плочки  предивикуваат и визуелни ефекти. Малите бањи изгледаат покомотни и пошироки, а со вградената нова опрема претставуваат совршен спој на практичното, односно функционалното, и модерното, рамно на уметничко. На вештите мајстори и архитекти им дозволуваат слобода да го развијат свој дух и да компонираат креации  небаре уметнички дела. Големите размери на плочките се  погодни за вградување на имагинативни решенија и во ходници, салони и дневни соби со подно греење. Во палетата се наоѓаат и плочки соодветни на атмосферските прилики. За надворешните површини, се нудат нелизгачки плочки безбедни за минувачите. А за внатрешните, сјајни, небаре огледала, без можност за лизгање и повреди и при влажни хигиенски интервенции.

-Тесно ни беше во доменот на топлите подови.  Повеќе од 20 години сме на врвот на понудата на теписи, килими, теписони од реномирани производители од светот. Не се откажуваме каде што сме на врвот, туку посакуваме конкуренција. Освоивме поголем дел од муштериите со понудата на ламинати со највисок квалитет, што не се абат и се отпорни  на најсилни влијанија. Овде не застануваат амбициите. Одиме да ги привлечиме и да ги освоиме симпатиите и на муштериите кои имаат префинети вкусови за просторот и негуваат чувство дека бањата треба да биде опремена според последниот здив на технологијата применета во светот. Тоа се мега плочките од карамика и од гранитна прашини, за кои, такаречи, не постои рок на трајност, туку се вечни. Таквите материјали се вградени во најновите модели на плочки, кои, дополнети со соодветни бордури и други мајстории, им дозволуваат на архитектите и дизајнерите да го вградат духот на надреалното во домовите се нудат италијански славини за бањи. Наскоро  понудата ќе се прошири и со други производители. Санитарната опрема исто така доаѓа од врвните производители во различни колорити и нијанси и форми кои можат да се комбинираат и сликата од странските весници да се пренеси во сопствениот дом или деловен простор – вели сопственикот Димитар Бозоски.

Просперо е една од ретките фирми во градов која репутацијата ја градеше постепено, со годините. Таа успешно се носи со ривалите во делот на топлите подови во соседните градови, но и пошироко во земјава. Сега предизвикот е карамиката, бањскиот ,,мебел,, да се потврди умешноста во интерес на граѓаните муштериите.

Loading