ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (15)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul

Во летото 1916 година дошло депеше воено до Марко Боше Грујоски – Колески од добиените тешки повреди во градот Битола починал како бугарски војник, гробнина не му се знае. Низ селото не останале гугучките, кучињата и мачките. Повеќе марулски кучиња биле скитници и умирале од глад, а додека повеќе мачки подивеле и направиле свои лежишта во долот на местото Мело.

Децата со воите канчиња оделе во германските кујни во Оградата Еминова и во чуките за супа и храна. Кога минале повеќе време оделе во коњушнците, ги пребарувале коњските лепешки, ги собирале целите зрна јачменови од зопта на коњите, ги преварувале дома и ги јаделе. И тука било борба помеѓу децата кој повеќе да собери зрна од зопта е посреќен, ќе го наполни стомачето. Изреката не било за џабе речена: Просениче, медениче ркни уплаши ме. Раскажано од повеќе марулци како деца што чекале во ред за супа и храна во германските кујни.

Сите села кои биле меѓу фронтовските линии биле иселени претежно во Прилеп. Животот им бил неподнослив, живееле под тешки услови во влажни подруми, фатиле разни болести, туберкулоза, офтика, тифус, голема сипаница, колера и др. болести. Гладни почнале нагло да умираат од глад и болести. Многу иселени фамилии се вратиле во Марул велејќи ако умрам, да умрам во родното село и куќа.

Марулските деца под десет години до петнаесет годишна возраст комуницирале со бугарските и германските војници заради храна и во таа прилика почнале да стекнуваат со нив познанства и да го учат нивниот јазик и писмо.

На првиот ден Велигден непријателските сили по целиот фронт страшно се удриле, земјата горела, небото било затемнето со чад. Од фронтот дошло наредба се што е живо од село Марул да се исели надвор од втората фронтова линија. Децата товарени на добиточни товари и цел ден преседиле на товаритите добитци. До вечерта фронтот не успеале, сојузниците на Антантата, луѓето се смириле и се вратиле во своите домови. Ова било во 1917 година. После неколку дена Јовановци – Куреловци добиле воена депеша, телеграма да војникот Јованоски Анѓеле загинал на фронтовата линија кај Добро Поле во Мариово.

Оваа офанзива што ја направиле француските сили против германските сили на Солунскиот фронт било во тоа што некој си генерал во Русија Керенски му ја зел власта на царот руски Николај Трети како пријател царот на Французите, тие исплашени генерал Керенски да не вклучи мир со Австрија и Германија против Франција и затоа избувнала таа офанзива на Солунскиот фронт за да капитулира Германија. Во пролетта по Велигден во 1917 година се појави болеста голема сипаница во Марул. Од таа болест умреа повеќемина марулци. Како што кажуваше Јовчески Ванѓел 1912 – 1997 на погребот на баба му Велјаница – Стојна и на брат му Гроздан ги видел старите дедовци Танески Атанас 1840 – 1917 и Дамјаноски Васил кои биле осакатени уште во турско време. Атанас бил осакатен од бегот Амдија Лазески кој со пушката од цевката му го оштетил задникот и по време си крварел. А додека Дамјаноски Васил идејќи си со коњот од пазар од Битола во 1905 година во местото Суви ливади од заседа канатларските убијци Исламовци и Пардијовци го пукале коњот,  ранет си дошол во гумното, умрел. На Васил му ја скршиле вилицата, се ранел само со каша се до неговата умирачка, Васил 1850 – 1917. После тоа по погребот слушнал да умреле. Умреле ранетите војници Здравески Крсте, Кормак Тале, Мурџески Стојан, Танески Велјан. Кај Мурџевци умреле седум мина од колера.

Кажувано од Јанкоски Крсте 1908 – 1985, умре снаа ми Ристејца Спасија. Мајка ми Благуна и сестра ми умреа во исти ден во 1917 година. Во пролетта истата година умре Колеска Башејца Проќа. Откако беше погребана  Башејца за задушница кај гробот даваа по една лајца варена пченица на погребот беше и осумгодишното Анѓеле, внуче од син је Марко. Анѓеле здрав прав ја изеде пченицата, си отиде дома, легна и умре. Другиот ден имаше погреб за него. Луѓето паѓаа како круши презреани. Штом тропа клепалото, се знае зошто тропа, рече Крсте.

Народот од Марул поделен, нешто во Марул, повеќето во Прилеп. Умирале разболени гладни. Немало млади да му прават погреб на умрените. Старите изнемоштени, здружени ги погребувале со помош на физички поздравите жени, без некое христијанско обележје. Без крст и свештеничко обележје. Црквата претворена во германска воена болница. Умрените, од дома, директно се носиени в гробишта на погреб. И умрените марулци во Прилеп, ги носеле на погреб во марулските гробишта.

Свештеници имало во Прилеп. Но народот сиромав. Прилепските погреби чинеле повеќе и затоа ги погребувале во Марул. Како втора причина била и надежта преживеаните луѓе еден ден повторно да се вратат да живеат на своите стари огништа. Оттука се цени нивниот патриотизам за родниот крај.

И под сите тешки услови за живот, здравите млади девојчиња и момчиња  барале друшка за нивни брачен живот во идно време. Не бирајќи место в село или во градот Прилеп. Се направиле повеќе брачни двојки за време на војната. Војната ја преживеале и створиле свои потомства.

Јанкоска Ѓорчева Стојанка се омажила за Здравески Здраве од Лопатица, прилепско. Јанкоска Илиева Митра се омажила за Слепчески Стојан – Толе од  Горно Агларци. Јованоска Талева Петра се омажила кај Чукалевци во Клепач, момчето со име непознато за кратко време починало од раните од фронтот. Петра се премажила за Ѓоре Недески во прилепско Алинци.  Јованоска Ѓорчева Ордена се омажила за Мицо од Прилепец. Колеска Трајанова Илинка се омажила за Белески Тренко од Путурус. Павлеска Стојанова Стојна се омажила за Мице Ќирбин од Лопатица, прилепско. Мурџески Петрев Цветан се оженил за невеста со име непознато од Србци која по две недела умрела. Во 1917 година се родиле две деца живи и едно пометнато. Атанасоска Ризова Цветанка, Дамјаноски Дамјанов Никола. Јованоска Тодорица Цвета го пометнала.          

Продолжува

Loading