ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (15)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul

Пред Првата светска војна 1915 – 1918 година населението во с. Марул било 280 жители од кои 167 Македонци Христијани и 13 Арнаути Муслимани. Беговските фамилии не се запишани затоа што престојувале на своите чифлизи кратко време само неколку месеци во летниот период и повторно се враќале во своите стални живеалишта во градовите Битола или Прилеп.

Во октомври 1915 година заминала со капитулацијата на српската власт и воената администрација од Македонија и од нашите краеви. Дошла нова окупаторска војска, бугарската и германската војска. Се отворил Солунскиот фронт како прва борбена линија од јадранската обала, кај Албанија од градот Валона преку Преспа, Битола, Кајмакчалан па се до Одринскиот залив во Источна Македонија до одринско. Вториот резервен фронт со ровови бил од Драч во Албанија преку струшко, демирхисарско, Бакарно Гумно, Тополчани, Каракамен, Ушите, Ветроводеница, Веслец, Скала, Витолиште за Источна Македонија. Сето население измеѓу овие две фронтовски линии било иселено надвор од втората фронтовска линија. Нашите села биле иселени во прилепските села и во Прилеп.

Сите марулски војници и од околните села кои биле мобилизирани од српските воени власти по српската капитулација враќајќи се за дома биле фаќани, заробувани од бугарските воени власти и терани за топовско месо на Солунскиот фронт. Делови од бугарската и германската војска како резервни војски се стационирани во селото Марул со своите три кујни кои припремале храна за фронтот према с. Црничани и пониско.

Овие кујни биле сместени во следните места. Една била во оградата на бегот Емин и Ремзија покасно колеска ограда. Втората кујна била сместена во куќата на бегот Амдија Утоски покасно Стеваноско место и куќа. Третата кујна била сместена во местото Чуките во близина на германската воена болница каде имало воени единци за тешка артилерија наречени батерии.

Кујната во куќата на Амдија Бегот Утоски била бугарска кујна. Куварите биле претежно бугарски гагаузи, во казаните ставале чавки, ежови, желки и страчки. Според нашата традиција не се јадат тие животни и затоа не била посетувана бугарската кујна од марулските деца. Кујните во оградата Еминова и во Чуките биле германски па децата секогаш оделе таму за супа и храна и биле скогаш послужени, веќе добиле и воени канчиња за супа. Во 1915 година се родиле само две деца Новаческа Димитриева Таса Гулабоска и Ристески Ристев Степан Мурџески, а додека загинале шест марулски војници во српската војска. Атанасоски Стојчев Сребре, Гулабоски Стеванов Огне, Гулабоски Огнев Трајче, Дојчиноски Каранфилов Стојан, Кормакоски Талев Најдо, Мурџески Митрев Боне. Ранети војници: Јанкоски Ѓорчев Ристе, Велјаноски Велјанов Ристе, Стојаноски Котев Илија. Селата помеѓу фронтовските рововски линии биле иселени претежно во Прилеп и прилепските села. Таму живееле под тешки услови во влажни подруми фатиле разни болести, туберкулоза, овтика, шуга, колера, тифус и глад. Луѓето почнале да умираат.

Сточниот фонд се потрошил, окупаторските војски го употребувале за храна за војската. Многу фамилии од Прилеп повторно се вратиле во своите напуштени куќи. Во летото 1916 година француските авиони, рачни бомби од авионите изгорело сето поле со се сеани и повеќе крупна стока. Фатила уште поголема беда и глад, стоотсто нема леб. Во таа година 1916 –та не се родило ниту едно новороденче. Раскажувачите беа запрашани зошто се нема родено, одговорот беше дека немало петли да ги вјаваат кокошките.

Бабата Митра Талејца Јованоска го оженила својот шестнаесет годишен Тодор за Цвета Перксока од прилепско Алинци, таа била прва и последна свадба во Марул таа година. Само четири дена Тодор пред да се ожени вјавајќи го нивното магаре наголо без самар го зачекале четворица бугарски војници и го прашале: Тодоре каде одиш. Одам кај мојот пријател Богдан. Зошто магарето го вјаваш наголо без самар, го срамиш и мачиш, ги влечиш нозете по земи. Дај ни го нас. Тодор се насмеал, да ви го дадам за в казан. Мамката твоја за какви казани. Почнале да го шлаканисуваат, му го раскрвавиле носот. Кога се ожени Тодор истите војнци отишле за да му честат но биле одбиени од Тодоровата мајка Митра. Раскажано од Петрески Петре Бабјако, Тодоров другар и присутен на настанот.

Исто така Богдан Јанкоски и Тодор Јованоски навратиле во кујната бугарска, куварите му понудиле готвено јадење. Богдан и Тодор ја прифатиле нивната понуда, го изеле понуденото јадење. Откако го изеле јадењето куварите ги прашале како ви се допадна чорбата. Богдан и Тодор им одговориле дека чорбата беше добра. Куварите му одговориле добра беше ама од костенурки беше од желки била. На Богдан и Тодор му се слошило, збурбатило, повратиле повеќе од колку што изеле. Раскажано од Јанкоски Крсте, роден брат на Богдан.

Во оџакот од кулата на Бегот Утоски се квачеа чавки. Само што фатија пердуви дојде куварот бугарски гагаузин по име Брнката од кујната во куќата односно во тремот пред кулата ги собра чавчињата и останатите отепани птици, страчки, чавки, пупунци закачени со клуновите во ѕидот и желките што тропаа затворени во едно буре, ги попари во врела вода, ги искуба и сите ги нафрли во казаните да се варат.

Откако беше јадењето готово нас децата не понудија да јадиме, ние одбивме, им рековме куварот Брнката ги нафрли сите отепани птици и чавчињата од оџакот. Тие се прават како да не знаат, мамето негово што направил. Другиот додава, ако Брнката ручал, не се отрул, ене го шета и ние ќе ручаме од чорбата. Раскажа Јанкоски Крсте. Овие работи ги пишуваме за да се знае дека немаме иста менза со Бугарите. Вакви примери ги има многу повеќе. Доста со овие овде. Осумдесетитригодишниот Ристе Танески си седи во дворот, доаѓаат двајца бугарски војници, му го побаруваат неговото магаре, ќе вршеле некоја работа. Ристе лукав човек им рекол да го земат самарот. Војниците одговориле не треба самар. Одговорот од стариот Ристе бил, вие магарето го барате за в казан, не ви го давам, дошло до вербална расправија и турканица. Сорот бил на самарот во турканицата. Ристе го пресекол палецот, го скршил, му отекло местото и по кратко време Ристе умрел. Раскажано од внукот Ордан Танески. Ете тие се нашите ослободители.  

Продолжува

Loading