ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (14)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul

11. Палевци

Анѓеле, жена Менка, деца Стојан, Јован, Тасе, Петре.

1. Стојан отепан од Турците. Деца Петко, Боне, Илија, Стојна, Ристана.

2. Јован, жена непознато од с. Мојно, деца Трајан, Петра, Ѓурѓа. Трајан, жена Сирма Кржеска од с. Подмол, дете Менка, Богоја.

3. Петре, жена Тема од Подмол, деца Дуна, Ванчо.

4. Тасе, жена непознато име од Талимџиовци од с. Шелеверци, деца пет, петтото по име Тале. Тасејца со жив маж останала вдовица. Тасе се преженил во Америка. Тончо, брат на Анѓеле неоженет, живеел кај внукот Петре.

12. Здравевци Вепрчаните

 1. Стојан, жена Чона Мамалигоска од Мојно, деца Атанас, Пауна, Јоца.

13. Петрески Велјан Бабјак

Велјан, жена Јованка Мелезоска од с. Штавица, деца Петре, Аце, Ванѓел, Трајана, Анѓа.

14. Џелиновци

1. Цветко, жена Дашоска од Марул, име непознато, деца Јован, Крсте, Петре.

15. Таневци Атанасовци долните

Атанас, жена Дуна Мојсоска од с. Веселчани, раненичка кај Муловци во с. Мало Рувци, деца Стојче, Ризо, неда, Доста, Севда.

1. Стојче, жена Мара Шероска од с. Бонче, деца Петра, Сребре, Мице, Ристе, Божна, Недан, Менка и Трајко сирачиња од сестра му Доста.

2. Ризо, жена Аца Карандеска од Прилепец, деца Трајан, Стојна, Благуна, Доста, Султана, Цветанка.

16. Таневци Ристевци горните

Ристе, жена име непознато од Вишиновци од Прилепец, деца Стојан, Велјан, Грозда, Ристана.

1. Стојан, жена Анѓа Здравеска Пумеска од с. Марул, деца Мара, Ануша, Крсте, Стојна, Тане, Блаже.

2.Велјан, жена Божна Мицоска од с. Штавица, деца Ордан, Димко, Здравески Ристе, татко на Анѓа.

17. Стојановци Котевци

Коте, жена непознато, деца Тодор, Илија.

Тодор, жена непознато, деца Грујо.

Илија, жена Елена Бозгеска од с. Штавица, деца Стојан

3. Јошески Божин Котески донесен, жена Јана Колеска од с. Марул, деца Трајана, Елена.

18. Дамјановци Ристевци

1. Васил, жена непознато од Цинцаровци од с. Прилепец, деца Мицо, Стојан, Јован, Трена, Султана. Мицо, жена Аца Цоцеска од с. Подмол, дете едно, име непознато. Стојан, жена Благуна Гулеска од с. Мојно, деца Васка, Милан. Јован, жена Таса Бошеска од с. Марул, деца едно, име непознато. Ќерќите Трена и Султана.

2. Братот на Васил, Дамјан, жена Ристана Декароска од с. Лопатица прилепско,деца Ѓурѓа,Стојна, Ристе, Никола роден во 1917 година.

19. Јовановци Куреловци во заедница

1. Митре, жена Мара Дашоска од с. Марул, деца Илија, Темјана, Маса, Сребра.

Илија жена Петра Милеска од с. Штавица, дете Јованче.

Темјана и Маса се мажени.

2. Ѓорче, жена Велика Здравеска Николоска од с. Марул, деца Грозда, Анѓеле, Ристе, Ордена, Јован, Ѕвезда, Ангелина. Ангеле, женет за Петра Танеска од Марул, деца Мара, Димитрија, Ристе во Америка, Ангелина мажена.

Талејца Митра Писокалоска, деца Тодор, Петра, Невена.

20. Стевановци Гулабовци

1. Огне, жена Магда Дашоска од Марул, деца Трајче, Новаче, Најдо, Младен, Огне и Трајче загина во 1915 година.

2. Братот на Огне, Мијале е неженет.

21. Велјановци Гулабовци

Велјан, жена Стојна Славкоска од Бончејца, деца Ристе, Петра, Велика.

Ристе, жена Трајана Степаноска од с. Лопатица, прилепско деца Гроздан, Ванѓел.

22. Николевци Гулабовци

Гулабоска Мара, маж домазетот Тале Кормак од с. Маково, деца Василка, Благуна, Крста и раненикот најдо Кормак од с. Маково.

23. Јанковци во заедница

1. Братот Ѓорче , жена Благуна Москоска од Подмол, деца Ристе, Трајан, Вида, Стојанка, Дуна, Богдан, Доста, Крсте, Алтана.

Синот Ристе, жена Спасија Сиџимоска од Подмол, деца Велика, Ладе.

2. Братот Илија, жена Грозда Трипискулоска од Марул, деца Митра, Мара, Петре.

3. Братот Стојан, жена непознато, деца Ристе.

24. Арнаутите Јонузовци

Јонуз, Нурија, Фатима, Џемиле, Асиа, Муарем, Марем, Мемиш, Мемишица, Ќазим, Иса, Јенифе, Расима.

Продолжува

Loading