ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (13)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

По поразот на четата на Толе Паша во с. Гудѓаково во Мариово во октомври 1904 г. во која загинал учителот Грујо Шијако повеќе не се одржала вечерна настава за описменување на заинтересираните лица во неговите реонски села. Не се нашло некое соодветно лице да ја продолжи работата дотогаш што ја обавувал Грујо Шијак. Покрај писменоста на Митре Мурџески, од таа настава излегле уште три лица кои добиле повеќе знаење. Тоа биле Велјан Велјаноски (Ганачо), Гулабоски Димитрија и Гулабоски Огне.

За посетата на наставата кај учителот Грујо Шијак, кај учесниците останало некое чувство. Од разговори со помладите генерации, на учениците им навлегувал некој интелегентен интерес. Помладите, гледајќи го материјалот од наставата на нивните претпоставени, татковци, стриковци итн., почнале да се трудат да пишуваат букви и составуваат зборови. Како што кажуваа постарите генерации родени при крајот на предминатиот и во почетокот на минатиот век воловарчињата покрај обичните летни детски игри како ложана, кус петел, челик лупи зелник, собирале песок го рамнеле површински и со направена дрвена прачка во песокот пишувале букви.

И во зимниот период овчарчињата покрај игрите котка (бишка), чалмушка и други игри, свирење со сурли, правеле во земјата рамна површина и со тврда прачка пишувале букви и составувале именки или лични имиња. Со изгорени јаглени пишувале букви и имиња по камењето. Некои младенци кои знаеле да си го напишат името со нивна помош, покажување барале од своите домашни плетачки во плетењето за него фанела, капа или нараквици, се разбира волнени, во плетењето да биди напишано и неговото име.

Се дошло до идеја при земање момче со девојче на каначката волнена торба каде се носи картата со вино се пишувале првите букви, иницијалите на младоженците, на момчето и девојчето кое останало како традиција на продорот на писменоста во нашите краеви. Кај родителите била голема гордост,  детето да им знае броеви и букви, да пишува и на гајда да свири. Ако биде домаќин, да знае броеви и писмо, ако е овчар гајдаџија да биде. Старите залудно не велат, што време иди, така се прави, што време иди, тоа се јади. Како прва полуписмена генерација самоуки во Марул без никаква помош од образовани лица која почнала да помага сама меѓу себе и почнала да пишува букви и кратки именки биле Атанасоски Стојчев Мице, Атанасоски Стојчев Сребре, Атанасоски Ризов Трајан, Дамјаноски Василев Јован, Дојчиноски Каранфилов Стојан, Стеваноски Огнев Трајче, Јанкоски Ѓорчев Ристе, Јанкоски Ѓорчев Ристе, Јанкоски Ѓорчев Трајан, Раненико Кормакоски Најдо, Колески Јованов Трајче, Мурџески Митрев Боне, Мурџески Јованов Стојан, Павлески Стојанов Боне, Павлески Стојанов Илија, Џелиноски Цветков Крсте, Џелиноски Цветков Јован, Јовчески Велјанов Ристе. Оваа генерација се сметаат за втора генерација полуписмени. Муџески Митрев Ристе, Џелиноски Цветков Петре.

Освен Атанасоски Стојчев Мице и Атанасоски Ризов Трајан не биле мобилизирани на фронтовите во Првата светска војна. Штотуку завршила Втората балканска војна Србите направиле мобилизација во селото. Ги распоредиле низ српските градови, а во Ниш, есента во 1913 година каде биле заедно војници Велјанов Ристе, покасно Јовчески и Дамјаноски Јован. Во касарната имало вечерна настава за описменување на аналфабети, за неписмени. Ристе и Јован оделе на тој вечерен курс. Ристе после петте вечери своерачно напишал писмо и го испратил до своите во Марул.

Во октомври во 1915 година замина српската власт од Македонија и од нашиот крај. Доаѓа бугарската војска заедно со германската војска. Се отвора Солунскиот фронт. Сите марулски војници, мобилизирани во српската војска,  пак беа мобилизирани ама од бугарската војска и отерани на Солунскиот фронт.

Жителите од Марул пред Првата светска војна фамилијарно ќе ги запишиме за кои успеавме да ги забележиме од кажувањето од нашите постари марулски генерации. Можеби ќе има некои пропусти, грешки, сепак се извинуваме пред нашите читатели.

Со запишување започнавме од најсеверното домаќинство на селото од кај Јолевци од каде започнуваше шетањето на Коледе и Василица преку западното маало и пак ќе завршиме со запишување во средно маало кај Крсте Јанкоски.

1. Дојчиновци Јолевци:

1. Братот Каранфил, жена непознато, дете Стојан. 2. Братот Јован Јоле, жена Коприна, деца Траенка, Калина, Божин, Таса;

2. Гулабовци Новачевци

1. Новачејца Малинка вдовица, ќерка Виша. Синот Димитрија, Димитрица Петра деца Јован, Божин, Невена, Таса.

3. Здравевци Николовци

1. Братот Никола, вдовец, деца Петре, Ристе, Љубица

2. Братот Крсте, Крстејца Мара, дете Стојан

4. Мурџевци Јовановци

Јован, Јованица, синот Стојан, снаатаТемјана, внучињата Видан и Блаже.

5. Мурџевци Митревци

Митре, жена Митра, деца Ристе, Боне.

Ристе, жена Стојанка, деца Јован, Степан

Боне, жена Аргида, дете Ивана

Ќерките на Митре, Стојанка и Доста биле мажени.

6. Мурџевци Петревци

1. Петре, жена Султана, деца Цветан, Јован, Петкана. Цветан женет во 1917 година од Кајкиовци од с. Шелеверци умрела.

7. Колевци Мојсовци

Стојан, жена Бојана, деца Крсте, Мојсо.

Крсте, жена Каранфилка, дете Кире ранениче од Чучуровци

Мојсо, жена Неда, дете Веле

8. Колевци Петревци

Деца Стојко, Сребра сирачиња се догледани кај деленицата Стојан Колески.       

9. Колевци Трајчевци

Трајче, жена Грозда, деца Јован, Богдан, Јана.

Јован, жена Митра, деца Трајче, Боне, Гуле, Блага.

Богдан, жена Менка, деца Ѕвезда, другите родени во Прилеп.

Јана, маж Божин Котески од с. Марул. Синот на Јован Трајче, жена Коприна Палашоска од с. Клепач. Браќата Јован и Богдан пред војната фамилијарно се иселиле во Прилеп во 1913 година.

10. Колевци Грујовци

Грујо, жена непоазнато, деца Боше, Трајан, Коле, Ризо, Рада.

1. Боше, жена Проќа, деца Марко, Таса. Марко, жена Грозда, деца Спаса, Анѓеле, Цветанка. Таса, маж Јован Василоски с. Марул, дете едно, име непознато умрело мало.

2. Трајан, жена Ивана деца Богоја, Илинка. Богоја, женет во војната за Мара Танеска, с. Марул. Илинка мажена во војната за Тренко Белески од с. Путурус.

3. Коле, жена непознато, деца Василе, Сребре, Борка, Боге, Мара, Драгица иселени за време на војната во Прилеп.

Ризо, жена непознато, дете Методија, иселен во Прилеп.

Рада, мажена за Ристе Цоце комитата од с. Подмол    

Продолжува

Loading