ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (12)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul

Грујо и Божин останаа и понатаму во четата на војводатата Толе Паша се до поразот на толевата чета после четири години во с. Гудѓаково во Мариово каде животот таму го оставија Толе, неговиот син Велјан, Грујо и Петре Шијаковци, Цветан шелеверчанчето и други комити. А додека стрико Божин Степаноски се спаси и пребега во Софија во Бугарија. Таму се ожени, оснива фамилија. Синот Марко и неговиот син Војкан дојдоа на посета во второто бугарско да го посетат родниот крај на таткото и дедото Божин Степаноски од с. Лопатица прилепско. Тие живеат на петлешка улица во Софија. Брачедот Марко и внукот Војкан ја искористија приликата не посетија и нас во с. Марул.

Откако оздрави Муса пеливано никогаш повеќе не дојде во нашето с. Лопатица. Се префрли во с. Подмол поблизу до мудурлакот. Муса во с. Подмол ја продолжи истата работа како и во с. Лопатица со парчосување на разни јадења како за неговата фамилија исто така и за неговите загари. Наводно неговата жена не знаела да прави убави јадења како што правеле ѓаурките. Муса седнат кај чешмата на средселото и од тука преку водарките порачува да му се спрема такво јадење.

Исто така почнал да префрла глупости и према домаќинствата, тој куќа е таков, тој куќа е мал, куќа го правит убав мрсни питулици со маст со голем дупка на питулицата ама и домаќинката го има дебел нога. Со таа негова одвратност на подмолци му скиснало во нивните души и почнале клетви да му даваат на лопатичани само што го натепале не го доотепале. Младите подмолци тајно се договориле со фрлање коцка кој да бидат екзекутори над злогласниот Муса. Коцката му паднала на младоженецот Ристе Цоце женет за Рада Колеска од с. Марул и Куле Кеноски раненик од Даламовци од с. Путурус кај Кеновци во с. Подмол.

Од неговото доваѓање во Подмол на вториот ден на Велигден двата подмолски младичи Куле и Ристе го исчекале после пладнина кога си одел од кај Кеновци испраќан од домаќинот Видан. Кеноски со еден шиник мрсни питулици – мекици пржени во овчка маст подврзани во една шамија, надената шамијата на една ластегарка носени на рамо од домаќинот Видан и одат надолу по чајрот. На чајрот Муса и Видан се сретнуваат со Куле и Ристе.

Прв почнал разговор кога ги преземал питулиците од Видан, денес е вашиот празник Велигден па домаќинов Видан не го заборави нашето пријателство, ми направи неговата домаќинка питулици да ги носам дома на мојата фамилија за поздрав од вашиот празник. Видан после ова средба се вратил за дома, Куле и Ристе многу го пофалиле домаќинлакот на Кеновци. Така е потврдил Муса, прави домаќини се. Со муабетите стигнале до местото Мерата во реката лопатичка. Куле и Ристе рекле да седнат да завиткаат по една цигара и ќе прдоложат заедно со Муса намерава да одат на гости на Велигден во долните села до с. Мусинци ќе му бидат сопатници на Муса.

Само што стигнале во реката лопатичка седнале да се одморат и запалат по една цигара. Се распашал Муса, ја поставил пушката покрај него. Со негова дозвола Ристе ја зел пушката, се навртил према него и испукал во него. Муса се струполил, не давал знак за живот. Куле и Ристе помислиле дека е отепан, го оставиле и со голема панична брзина се нашле во лопатичката стена црвеница.

Во истото време подмолскиот ковач Ристе кој си идел за дома носејќи дрва и ќумур насобран од монскиот сињор. Муса сеуште давал знак за живот, беше го удрил со тилјето од секирата, го доотепал. Си помислил ако преживеј Муса с. Подмол пепел ќе го стори. Одејќи Ристе во Подмол јавил до уќуматот да Муса е убиен. Заптиите отишле на лице место Муса веќе бил мртов. Кога пукнала пушката слушнале подмолци си помислиле да Муса, Куле и Ристе прават некоја проба.

Јавиле заптиите до мусинци да Муса е отепан, неговите загари по гласот на пушката први дошле и цимолеле околу убиениот Муса. До вечерта дошол аскеро од Битола и го сардисал селото Подмол за да го запалат поради пред една година се десило убиство помеѓу Македонци. Селото ја изгубило довербата за стабилност. Меѓутоа подмолци отишле до италијанскиот конзул барајќи помош од него.

Италијанскиот конзул дошол навреме во с. Подмол и сигурно го спасил селото од поништување. Се направил записник за настанот, се потврдило кој се убијците над Муса и автоматски биле осудени за сигурна смрт со бесење. Од Кеновци биле обвинети шестмина и одведени во затвор во Битола. Обвинетите кеновски мажи биле: таткото Ристе, синот Видан, очувот Тоше и посинокот убиецот отсутен Куле. Таткото Тале и синот Јоше. Сите овие лица биле осудени на 101 година затвор. Лежеле до Младотурската револуција во 1908 година кога биле ослободени.

Куле и Ристе во каменот црвеница добиле храна и облека од лопатичаните. Откако се посмирила ситуацијата во Подмол една вечер Куле си ја зел жената и малата ќеркичка Сика и пребегал во Бугарија, од тогаш му се губи трагата за секогаш. Ристе Цоце ја оставил родната куќа со се сите членови и жената Рада млада невеста и се одметнал во четата на војводата Богоја Симјанин од с. Жван, демирхисарско. На 9.12.1905 година четата на Симјанин Богоја е одкриена од страна на аскерот. Четата влегува во кулата Дабеска се мисли на с. Бонче. Отпор на четата каде загинува војводата Богоја Симјанин со помош и преговарање со италијанскиот конзул четата се предала. Комитата Ристе Цоце не се предал, се сокрил во кошот со жито јачмен. Еден аскер дошол да вади жито од кошот за да се назобаат коњите на италијанскиот конзул. Ристе со пиштолот го отепал аскерот и самиот се убил, не сакал да се предаде поради во дворот се дојдени многу мусинчани кој чекат да го убијат Ристе Цоце.

Останатите преживеани комити биле спроведени во битолскиот затвор и осудени на по 101 година затвор. Додека малолетниот комита Белески Боне, 16 годишен, бил ослободен. Овие осудени во 1908 година добиле амнестија и биле ослободени од затворот.

Ова што го замислиле мусинските кавалери наоружани со пиштоли, пушки, ножеви против две лица без никакво огнено оружје личи на Енглеските аристократи лордовите. Наоружани со двогледи, шлемови, пиштоли, ножеви итн. качени вјавајќи на коњите со повеќе ловџиски загари со нив. Ќе потераат некоја лисица, ќе ги пуштат загарите по нејзе, ќе ја бркаат се додека не ја уморат и фатат.

Откако ќе ја фатат загарите ќе ја растргаат на парчиња во присуство на своите стопани. Стопаните качени на коњите гледајќи ја драмата меѓу мртвата лисица ни нивните загари во голема смеја прават задоволство ќе напишат рапорт од ловот тој ден дека бил успешен. Ќе се вратат дома, ќе направат голема заедничка гозба со големо јадење и пиење проследено со данс помеѓу лордовите и нивните госпоѓи, се за успешниот лов од тој ден. Нажалост на мусинчани не му успеа против Божин Грујо и против целото с. Лопатица. Можело и кобно да биди за нив.

Материјал за Муса е земен од книгата “Жива историја за Пелагонија и Мариово” каде многу повеќе е застапено и објаснето. Исто така важи за збогатување на историската важност за учителот Грујо Шијакоски.

Раскажале: за с. Лопатица Степаноска Николева Трајана и Колески Ванѓел, внук од сестра на Трајана. За с. Подмол Кеноска – Тошеска Калина, ќерка на Видан Кеноски, Бешлакоски Ѓорѓиев Трајан, Бешлакоски Петрев Лазар, Талески Грујов Благоја во разговор со комитата Белески Боне кој живееше до при крајот на шеесетите години во минатиот век.   

Продолжува

Loading