ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (9)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Книжевната писменост во с. Марул

Од порано спомнавме дека во с. Марул немало никогаш некое писмено предавање било за каква наука. Се спомнува попот Анѓелко кој знаел писмо да чита. Неговото време не е познато ни по времето на живеење, нити пак по годините без никакви докази за попот Анѓелко засега попот останува како мит. Како најписмено лице од минатите времиња се спомнува Мурџески Ристев Митре. Митре уште од мал одел момоче пастирче во теќето во с. Канатларци добро го усовршил турскиот јазик и тогашното нивно писмо арапското и нашето црквено писмо. Митре уште повеќе ја совршил писменоста кога го слушнал предавањето илегално во ноќните вечери од неговиот шура, брат на неговата жена учителот Грујо Шијако од с. Лопатица прилепско роден во предминатиот век во годините 1860 – тите.

Потомството на Грујо Шијако по неговиоте прадедовци се од с. Бонче Секуле и Илија Саѓески. Со настанот на крвопролевањето во 1769 година помеѓу османската султаново јаничарите од една страна против самоволниот турски паша Али паша Јанински градот Москополе со доста развиена трговска култура со повеќе книжевни печатници со претежно влашко население тотално бил поништен. Населението што ја преживеало таа крвава драма се разбегало. Некој од преживеаното население се населил во пелистерските долини и ги основале населбите Магарево, Нижополе, Гопеш и други села. Некои се населиле во новата населба Крушево што значи на турски Орлово седело.

Крушовските власи го повладале капитално 95 отсто селото Бонче. Синот на Илија Саѓески Петре бил природно надарен мајстор за сите работи па ги конкурирал влашките мајстори во с. Бонче. Влашките терзии љубоморни на петревите мајсторлаци поготово во терзилакот и му извадиле понижувачки прекор го завикале Петре шијак. Покрај прекарот Власите во с. Бонче Петре го кодошеле за непостоечки работи кај турските власти. Турските власти му направиле неколку заседи на Петре за да го убијат, но биле неуспешни. Браќата Секуле и Илија за да се спасат од понижувањето на властите се поделиле на два дела. Братот Секуле се преселил во с. Марул и една година работел во чифлигот на спахијата Џафер беј кој бил богат Турчин покрај чифлигот во Марул имал чифлизи во с. Шелеверци и Лагово. Секуле после престој една година во с. Марул се преселил во с. Алинци, прилепско. Денес се познати како Секулчевци. Од Секулчевци се преселила една лоза во с. Добрушево под прекарот Тушевци се денес. Додека братот на Секуле, Илија Саѓески од с. Бонче фамилијарно се преселил во с. Лопатица, прилепско. Со нив си го понесле и прекарот Шијаковци стекнат во с. Бонче. Илија Саѓески имал две деца, Божна и Петре. Божна ќерката се омажила на 23 годишна возраст во 1831 година за Гулабоски Божинов Ристе во с. Марул.

Божна кога се мажела братот Петре мајсторо на сестра му Божна и подарил едно бакарно котле сработено од неговите раце да се обесува на верушките за да си работи многу домашни работи. Котлето го чува потомството  Велјановци од нејзината ќерка Петра од с. Марул. Гулабоски Ристе и Божа одгледале пет деца: Николе, Митра, Петра, Благуна и Струма сите имаат свое потомство со развиена лоза. Второто дете на Илија Саѓески синот Петре Шијак не е познато од каде е женет ниту нејзиното име. Петре и неговата жена имале две машки деца Илија, крстен на дедо му Илија Саѓе и Никола. Илија Шијако се женил, засега не е познато ништо за нејзе. Илија и неговата сопруга имале четири деца. Со времето се преселиле во с. Шелеверци под прекарот Шијаковци. Илијовите деца се Трајан, Петра, Султана, Петре. Трајан се преселил во Битола и не се знај засега нешто повеќе од неговото потомство.

Петра се мажи во село Лознани. Нејзини две ќерки Вида и Киска се мажат во с. Добрушево. Вида е мажена за Бале Старецоски кој имат оставено големо потомство. Киска се мажи за Алексо Лискоски и тие имаат потомство. Четвртото дете на Илија Шијакоски оди комита во четата на Толе Паша кој загинува заедно со Толе Паша во с. Гуѓаково, мариовско. Нема негово потомство.

Овде редоследот го прескокнавме наместо да напишеме за третото дете Султана напишавме за Петре четвртото дете. Султана, третото дете на брачниот пар Илија Шијакоски се омажила за Мурџески Петре во с. Марул. Петре и Султана   Мурџески имаа три деца: Цветан, Јован и Петкана, сите имаат свое потомство со развиена лоза.

Вториот син на Петре Саѓески Шијако Никола се оженил за Јана Велкоска од с. Лопатица, прилепско. Брачниот пар Никола и Јана имаат две деца: Митра и Грујо. Митра се омажила за Мурџески Митре во с. Марул. Објаснуваме, Митра и Султана се први братучеди од два брата, Илија и Никола Шијаковци се омажиле за два родени брата Петре и Митре Мурџески. Грешката ја направиле помладите Петре и Султана, се бендисале, без прашање се зеле. Со пренесувањето на моштите на Толе Паша и неговиот син Велјан Кулеви од с. Гуѓаково во с. Крушевица, Мариово во 2001 година. Покрај другото на овој величествен свечен собир е испеана песна за борбата на четата на Толе Паша против турскиот аскер. Во песната покрај другото се спомнати двата убиени комити шелевечаршината Петре Шијакоски и Цветан. Песната ја испеа Колејца Карандеска од с. Прилепец моминско име Анѓелина Карабелеска од с. Тополчани.

Вториот син на Петре Саѓески, Никола е женет за Јана Велкоска од с. Лопатица, прилепско. Никола и Јана имаат две деца, Митра и Грујо. Митра е мажена за Митре Мурџески во с. Марул. Митре и Митра имаат четири деца. Ристе, Боне, Стојна и Доста. Ристе е женет за Стојанка Мачороска од с. Штавица. Боне е женет за Аргида Велкоска од с. Чумово, Стојна е мажена за Спасе Бозгески во с. Штавица. Доста е мажена за Трајан Дукоски од с. Ношпал. Доста нема нејзино потомство.

Синот на Никола Грујо Шијакоски се оженил за Јана од с. Мојно од фамилија засега непознато. Грујо и Јана имаат четири деца Гроздан, Марко, Неда и Никола. Сите имаат свое потомство.       

Продолжува

Loading