ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (8)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Во раскажувачите марулски овде ќе му отстапиме место и на штавичкиот раскажувач за конфликтот за сињорот на марулскиот и штавичкиот Наумоски Спасе Албанецот. Во младите години Спасе бил на печалба во Америка. По природна дарба Спасе ги знаел сите главни европски јазици и сите балкански  И најнеразвиениот последен јазик во Европа албанскиот јазик. Од тоа нешто си го добил прекарот Спасе Албанецо. За време на Првата светска војна Спасе бил германски тумач.

Со Наумоски Спасе ние марулските воловарчина се познаваме од далечните години 1954/55/56 често пати имаме средби преку летото во местото Смесите и Бошкоец пасејќи ги воловите. Спасе раскажуваше за неговата печалба во Америка. Америка ја видел како гангстерска држава. Откако ќе се замрачело почнувале мафијашките пресметки вооружани со разно убиствено оружје. Штотуку ќе наближат утринските саати се собираат истепаните од по улиците и парковите се носат во непознат правец за преку денот да биди чисто. Спасе раскажуваше историја и за турско време.

Наумоски Спасе беше интелигентен, разумен и разбран човек. Со проблемот околу сињорот велеше патникот марулецот Мојсоски настрадал, чешмата се поништи, штавичани го изгубиле дел од сињорот. Марулци ја платиле штетата за отепаниот Спасе. Беговите Утовци ја завладале ораницата, ја оставиле неплодната ридна земја од Ветроводеница преку Голирид до Веслец како проблем селата Марул и Штавица да се мразат и одредени близу два века. Сето било политички смислено од турските власти. Направиле раздор против христијанското население за полесно да владеат со нашиот народ велеше Наумоски во разговорите. Турците оставија лоша политичка работа помеѓу селата Марул и Штавица. Марулчаните Јанкоски Богдан и Бабјакоски Петре со штавичаните Ѓакоски Методија, Бозгески Тале и Кукески Рампо горе во осојот во Веслец при берење дрва од страна на марулчаните Богдан и Петре. Во таа тепачка ќотекот го изеде Ѓакоски Методија од страна на Бабјакот Петре му ја скина веѓата.

Од таа тепачка поради мајка му на Петре Бабјак Јованка е Мелезоска штавичанка селото Штавица се подели на два дела поддршка за и против тепачката. Милевци Мелезовци Дерковци и Марковци се стари деленици му дадоја поддршка на Петре Бабјак. Ги нападна тепачите Методија Толе и Рампо дека отишле да се тепаат без знаење на селото и селскиот кмет. Сега нека си го сносат ќотеко на својот грб. Методија Ѓакоски претепан отиде на лекар во Прилеп да си ја шие распаднатата веѓа. Не се појави повеќе месеци во селото од голем срам потценет од неговата дотогашна замислена сила во него. 

Во самата расправија поддржувачи роднините на Петре Бабјак беа напаѓани како џелати безгревници дерачи на човечко тело и од тоа го добиле прекарот Дерковци. Во с. Клекоперци повеќето од тогашните нивни предци биле убиени од страна на турските јаничари, а селото изгорело до темел. Преживеаните предци се засолнале во с. Штавица. Повремеси некој си турски насилничар атакувал по женскиот пол. Насилникот станал досаден. Мажите Милески го фатиле насилникот в поле поради немале друг прибор за работа насилникот го одрале со таква коњска плоча и од таа случка го добиле прекарот Дерковци го носат и денес рече Спасе Наумоски.

Штавичаните разединети се смирија нивните духови и си одредија една група луѓе заедно со селскиот кмет Дамески Коста. Направија средба со марулската група за мир направија договор и така страстите се смирија меѓу селата Марул и Штавица.

Петрески Петре Бабјак учесник во тепачката во осојот зад Веслец. Беше при крајот на месецот октомври во 1937 година се договоривме со Јанкоски Богдан сега се лисјето на дрвата паднати за полесно извлекување на дрвата ќе одиме да бериме дрва за огрев во нашинскиот сињор во осојот во Веслец. Према кажувањето на постарите марулци местото му припаѓа на марулци откако Штавица го изгубила местото уште во турско време.

Отидовме со Богдан во осојот набравме дрва по еден магарешки товар. Сечените ги собраме, ги изнесоме на чисто место за кастрење дрвата во мало растојание меѓу нас ги кастриме со саровите гранките од стеблата повеќето се габерови дрва. Ги гледаме одоздола идат тројцата познати штавичани Бозгески Тале, Ѓакоски Методија и Кукески Рампо со стапови в раце идат кон нас. На Богдан му велат моиве идат кај нас за тепање, спремајќи стап. Тале и Рампо одат кај Богдан, а Методија наречен силниот иди кај мене.

Јас си работам симирено, си ги кастрам насобраните дрва, ама и внимателно. Методија Ѓакоски дојде кај мене и ми вели што бараш овде. Му одговорив дека берам дрвја. Ама сум подготвен од напад. Ми возврати сега ќе видиш во чие место дрва ти бериш во ваше или во наше. Замавна со ластегарката, ме удри преку рамениците. Му велам не се мава така кога го треснав в чело со кастрената габеровица што ја држев в раци, тој панда под каменот. Тепачите со Богдан Тале и Рампо видоа дека Методија падна под каменот и ја напуштија тепачката со Богдан. Кукавички го оставија Методија. Побегна надолу во шумата. Јас го опчекорив Методија. Го барам ножот да го заколам. Ама, ножот сум го заборавил дома. Не ми текна да го заколам со сорот. Го гледам Методија. Веѓата сета парчиња. Му се беси, сиот раскрвавен. Му удрив со кастроицата уште неколку стапови и го бутурисав надолу во расјето. Стана со бегање и замина надолу во шумата.

Богдан тактички му се криеше во шумата. Не можеа да го удрат со удирање него, туку само со шибање. И тој така нив им враќаше. Богдан повеќе беше издраскан отколку удрен. Ние со Богдан си ги товариме магарињата со дрвата и си отидовме дома во Марул. Ние марулци си береме дрва од тоа место што го знаеме дека е марулско. Штавичани беа нечесни и за дрвата, а и за стоката нечесно стално преоѓаа во марулскиот сињор. Методија Ѓакоски отишол на лекар во Прилеп. Ја сошил веѓата и долго време не се појавил во Штавица. Го заборавил мукањето како пеливан. Петре Бабјак, како полјак, беше страв и трепет за комшивските овчари кои навлегува во марулскиот сињор.

Го гледам Методија Ченто во неделникот Зенит од месец март 2018 година како го води орото Тешкото на Шаторов камен на денот Илинден во 1940-та година. Ме потстува на неговиот врсник од с. Марул, Петре Бабјак на сред село. Насобраните луѓе чекаат Перко оро да поводи. Сеирџиите ги гледаат неговите фолклорни подвизи со вперени очи. Петре секогаш имаше најшироко оро предводено, без разлика на временските сезони и времето. Орото го водеш по чорапи, без обувки и чевли. Петре Бабјак, кога идеше на сред село, марулци го дочекуваа со аплаузи. Така беше испратен кога си одеше дома. За неговите, со орате на родот, го веселеше. Со неговата дарба за на оро не треба школо, само природна дарба. Петре имаше пет браќа. Сите до еден беа гајдаџии.

Петре Бабјак како селски полјак беше ненадминат марулски бестрашен јунак за бранење на марулскиот сињор од комшивските села со навлегување на нивната стока во нашиот сињор. За непочитувањето на марулската граница, дури го има дотерано со се козите на средселото и неговиот вујко Ордан Мелезо од соседното село Штавица.

Петре Бабјак имаше верен пријател од муслиманска вероисповед, Насув од с. Канатларци, со кого си разменува куќни верски фамилијарни посети. Петре Бабјак е роден во 1902-та година во с. Мусинци од мајка Јованка Мелезоска од с. Штавица и татко и Петрески Велјан Бабјак од с. Крушевица, Мариово. Доселени се во с. Марул со одобрение на селото на денот Ѓурѓовден во 1913 година во куќното место на дотогашниот бег Амдија Лазески. Петре Бабјак умре во с. Марул во 1978 година. Нека му е вечен неговиот дом покрај неговите родители во марулските гробишта.       

Продолжува

Loading