ДОМАШЕН РАСТВОР ПРОТИВ ФЛЕКИ

Потребни се 1 филџан превриена вода, половина филџан сода бикарбона и половина филџан трипроцентен хидроген.

Се прелива со превриената вода сода бикарбоната и се меша додека целосно да се раствори. Потоа се додава хидрогенот. Мешавината се чува во шише со распрскувач.

Се употребува со прскање на дамката и се остава да делува неколку часови. После се пере. Ако дамката е тврдокорна, ткаенината се потопува во средството и се оставете да кисне цела ноќ. Следниот ден се пере.

Loading