ЗАБОБОЛКАТА НАЈАВУВА ПРОБЛЕМ СО НЕКОЈ ОРГАН

На горната и долната вилица од устата се забите кои учествуваат во дигестијата за механичкото ситнење на храната. Се разликуваат млечни и трајни. Млечните се 20 и се појавуваат меѓу 6 и 12 месеци од животот. Трајните се 32 и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година. Распоредени се по 16 на вилица, односно по 8 на секоја половина. Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата. Врз основа на функцијата што ја имаат во варењето, поделени се на: секачи (4), кучешки (очници) (2), преткатници (4) и катници (6).

Позната е поврзаноста на забите со другите органи која се рефлектира при недостиг на заби или некоја друга патологија. Ако хронично се чувствува некоја неугодност или болна манифестација, а никакви лекови и терапија не помогна, се помислува на забите. Најмалата штета на забите предизвикува проблем со некој од органите, бидејќи горните и долните секачи се поврзани со здравствената состојба на бубрезите и мочниот меур, очниците со црниот дроб и жолчката, преткатниците со белите дробови и дебелото црево, катниците со желудникот, слезенката и панкреасот, а умниците со срцето и тенкото црево.

Loading