НЕ СЕ НАЗДРАВУВА СО ВОДА

voda

Сигурно сте слушнале дека никогаш не се наздравува со чаша вода. Иако изгледа малку глупаво или уште една причина за убедување за пиење на алкохол, зад ова се крие древно и нималку наивно верување. Коренот на овој обичај е во Антиката.  Старите Грци верувале дека кога човекот ќе умре, душата заминува во подземниот свет – ад. Таму се наоѓала тажна рамнина обрасната со бледо диво цвеќе. По рамнината течеле пет реки, ледениот Стикс – река на омразата, Ахерон – река на болката, Кокитус – река на јадовите, Флегетон – река на оганот и Лета – река на заборавот. Кога душата на покојникот ќе дојде во ад, пие од водата на Лета да го заборави минатото и маките од претходниот живот. Оние кои веруваат во реинкарнација, веруваат дека душите пијат од водата на оваа река да го заборават минатиот живот и да се подготват за новиот.

Тука лежи коренот на обичајот, никогаш да не се наздравува со чаша вода. Бидејќи, оној кој го прави тоа, ќе го снајде преран заборав и судбина полоша од смртта, односно ќе заболи од деменција.

Loading