ЕМ ЗАЧИН, ЕМ ЛЕК

sl cimet

Циметот е магичен зачин. Освен што ќе се откажете од зависноста по десерти, еве што може тој да направи со вас. Еден е од зачините кои се сметаат за лековити и заштитници на здравјето.Асоцира на неодолива пита, топлено вино. Токму тоа е пријателот на витката линија. Затоа почетокот на пролетта е време за поголемо внимание на исхраната. Карактеристичната егзотична арома е магнет кој привлекува многу обожаватели. Достапен е цела година, Се најдува во форма на стапчиња и во прав. Добрата страна на стапчињата е што имаат подолг рок на траење, но тие немаат толку силна арома како мелениот цимет во прав.

Дијабетес: Циметот го регулира метаболизмот, со што ја подобрува чувствителноста на хормонот инсулин кој е одговорен за транспорт на шеќерот од крвта во келиите. Го намалува шеќерот во крвта, ја подобрува апсорпцијата на гликозата, но делува побавно од инсулинот. Помага и во превенција на дијабетес тип 2.

Енергија: Овој зачин го подигнува нивото на енергија. Додадете малку во утринското кафе, снегулки, смути, чај или посипете на тост намачкан со мед.

Рак: Истражувањата докажуваат дека заштитува од рак, намалувајќи го растот на туморските келии.

Слабеење: Циметот е подобар избор за забрзување на метаболизмот од чилито, бидејќи има поприфатлив вкус. Внесете дневно една до две лажички и ќе ја забележите разликата без многу труд.

Заби: Ја ублажува инфекцијата на забите. Помешајте малку цимет и мед па нанесете директно на забот кој ве боли. Држете десетина минути и голтнете или исплакнете.

За подобар сон: Загрејте млеко, додадете стапче цимет, поклопете и оставете да стои 10 минути. Испијте го тоа барем еден час пред спиење.

Рецепт

КАКО ДА КОНСУМИРАТЕ ЦИМЕТ СЕКОЈДНЕВНО?

Циметот е незаменлив во сутлијашот и вареното вино. Еве неколку вкусни предлози:

Ставете ½ лажичка цимет директно во вашето нескафе, капучино, топло чоколадо или во чаша топло млеко или овошен чај.

Попрскајте банана со ¼ лажичка цимет.

Додајте ½ или една цела лажичка цимет во утринскиот оброк од овесна каша.

Измешајте ¼ чаша мед со ½ лажичка цимет и со таа смеса обложете непечени бадеми (околу 2 шолји). Печете 15 минути во рерна на температура од 180 степени.

Loading