ШПАНСКИ ИСКУСТВА ЗА ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТА

ОУ „Гоце Делчев

Spanija Goce Delcev

Со повеќејазичноста на шпански начин имаа можност да се запознаат наставниците од ОУ „Гоце Делчев“. Преку проектот „Еразмус+ Улица“, претставници на ОУ „Гоце Делчев“, присуствуваа на првата ЛТТ средба за обука на наставници во Сан Себастијан – Доностија, Шпанија, на тема ,,Повеќејазичноста и образованието,,. Покрај размената на искуства од областа на изучување на странските јазици во земјите што партиципираат во проектот, беше презентиран и образовниот систем на Баскија, регион во Шпанија, каде што на исто рамниште се поставени баскискиот и шпанскиот јазик, односно училиштата се двојазични. Наскоро се планира воведување и на англискиот  како трет рамноправен јазик, со што училиштата ќе станат тријазични.

– Проектот ,,Еразмус+ Улица,, е еден од трите проекти кои се реализираат во нашето училиште со грант од Еразмус+ програмата на Европската комисија. Целта е изучувањето на странските јазици да се трансформира од традиционална во модерна и современа настава во која ученикот е во фокусот на интересот. Учениците ќе имаат можност да ги изучуваат странските јазици во средина, која ќе симулира реални ситуации и ќе овозможи интегриран пристап со останатите предмети, што се изучуваат во училиштето. Партнер земји во проектот се: Турција, Италија, Португалија, Шпанија и Хрватска – вели Веле Ѓорѓиоски, директор на ОУ ,,Гоце Делчев,,.

Претставниците на ОУ ,,Гоце Делчев,, се сретнаа и со градоначалникот на Сан Себастијан – Доностиа, Енеко Гоја за време на престојот во Шпанија.

Loading