И ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ПОГРЕБАНА СО МАКЕДОНСКА СИМБОЛИКА

Овие месеци изнаслушавме ирационални барања и условувања за минимум биолошко преживување. Дрскоста, доларите и лажната историја се доволно издржан аргумент во 21 век во светот да се внесе нова неправда. Некогаш голем народ со славно историско минато сведен е во рамковно диригиран национ. Се намерија да нé дотолчат за да нé снема. Дали се остварува клетвата од Елините, Македонците да го преживеат и плаќаат она што Александар им го направи на Елините, запалувајќи им ја Теба. Демостен, најголемиот противник на Македонците, поттикнувач на три востанија на Елините против Македонците, сам си пресуди. Се отру на островот Калаурај. Власта на Македонците значеше ропство на Елините.

Македонците се Пелазги, староседелци, предпотопски народ. Грците се доселени од Африка. Свети Апостол Павле кога дојде во Македонија, рече дека Македонците убаво го пречекале, а од пречекот на Елините не бил задоволен. Елините го добиле писмото од Фенекијците како непосредни соседи, а Фенекијците го добиле писмото од Пелазгите. Пелазгите, народ кој живеел на овие простори, далеку пред големите потопи и катаклизми од петтиот милениум п.н.е. Доаѓањето од ,,зад Карпатите,, е злонамерна лага. Колкав комодитет имаат некои во мисловниот просец.

Македонија има етимологија и значи мајка, господарка на земјата. Ниту имало хеленизам во Македонија, ниту Персеј бил нивни цар. Вистина е дека Атина ги помагала римските војски како реваншизам за вековното владеење на Македонците со нив. Не од Пела, не од Дион, туку од Стибера, Емилио Пауел го награбал царското богатство и од тогаш најбогатата македонска држава во светот. Затоа сите ја напаѓале и војувале за да грабнат што повеќе од македонското уметничко творешто. Дури и југословенската армија ја ограбуваше Стибера при своите вежби. Со шатори и во нивните камиони ги носеа богатствата на Стибера кон Белград.

 Во Македонија имало најгусто населени места на 4600 локации. Зошто остана Колосеумот во Рим и Акрополот во Атина и никој не ги разурна и закопа. Мораше ли варварството да се спроведи само врз македонските градби? Македонскиот дух покажа неуништливост. Палатите се претворија во храмови и базилики, мозаиците во фрески, фалангата во светци и писменоста во кирилско писмо. Нема тука ништо грчко, ниту римско. И Помпеја како и Рим се градени во македонски терк, како и другите градови, зашто им биле учители, ,,заробениците,, Македонци. Алкомена (Бучин) е на неколку километри од Стибера. Еден од генералите на Александар, Пејтон, бил од Алкомена. Филип при секое ранување заздравувал во бањата во Банско. Аристотел таму ги пишувал своите филозофски дела. Стибера, можно е да е, Стагира, градот на Никомах, таткото на Аристотел и царскиот лекар. Не е можно едно мало криминализирано гратче – држава, Атина, да просветува една империја како македонската.

Грција живее од присвојување, а светот í аплаудира кога македонското го прави свое и се шлепува зад сé што е македонско.

Каменот во розета го потврди македонското писмо во средината на камен тврдиот запис. Филип ги остави Грците да викаат пред амбис. Филип стои зад секој Македонец, зад Пелагонија, зад Стибера, Хераклеја, Алкомена. Катастрофално ги поразил Грците во битката кај Херонеја и тука го наденил 16 кракото сонце од Кутлеш. Во римската војска, војниците биле Римјани, а генералите Македонци. Со текот на времето, римските императори биле со македонски гени, воделе македонска политика, ковале македонски пари со сите наши прастари симболи. Колку римски императори и турски султани, за да бидат тоа што биле, морале да го докажат своето македонско потекло. Дури и погребот на англиската принцеза Дијана се одвиваше во знак на македонската симболика – пурпурна наметка, жолти лавови и кралскиот цвет – кринот.

Секоја држава ни го ограбувала народот. Секоја војна го докусурувала. Се запоставува, се уништува сé што е македонско. Многу создале Македонците во македонските градови Дион, Делфи, Хераклеја, Аполоните, Еге, Пела, Кутлеш, Бер, Таурион, Стоби, Антигона, Арг, Скупи, Керамија, Линк, Никеја, Лихнида, Хискана, Алкомена, Персеида, Билазора, Брианион и многу други царски македонски градови со уметност, наука филозофија.

Големината на нашата држава е во големината на нашата историја. Спор не се решава без корен.

Прим. Д-р Благоја Дамески

Loading