ДОМАЌИНСКИ МАРИФЕТИ

marifeti

Ако на дрвената маса се оформи кругче од чашата со пијалак, лесно може да го отстраните, ако нанесете со памучна крпа малку размешано растително масло. Чевлите од велур и превртена кожа се одржуваат потешко и со специјални спрејови, сунѓери. Ако немате посебен сунѓер, несовршеностите може да се отстранат со обична гума за триење. При тоа бидете внимателни и не притискајте. На џемперите се формираат мали топченца. Ако немате специјално апаратче за нивно чистење, може да ги отстраните со селотејп. Кожените чанти во темни бои ќе сјајат, ако ги поминете со памук натопен со лимонов сок. Кожените јакни, здолништа, додатоци и панталони, можат да го вратат својот свеж изглед, ако ги избришете со памучен партал и малку глицерин. Ткаенината ќе ги задрже боите подолго време, ако на крајот на перењето додадете во водата мало количество оцет. По 10 минути може да ги исплакнете. Ако патентите на облеката не се отвараат лесно, избришите ги со тврд сапун. Секоја дама има барем еден чифт патики. Ако тие имаат поширока бела гума, тешко се чистат. Потребна е стара четка за заби и паста. Избришете ја добро површината и потоа бришете внимателно. Да се отстрани непријатниот мирис од чевлите, во две памучни чисти парталчиња ставете мало количество сода бикарбона. Заврзете ги со конец и ставете ги за неколку часа во чевлите. Линолеумот ќе ја загуби брзо бојата, ако го измиете со многу топла вода. Да се отстрани непријатниот мирис на риба или лук од рацете, треба да ги избришите со сол, а потоа да ги измиете со вода и сапун.

Loading