ТАКТОТ НА БРАНОВИТЕ НА ДИВИОТ БРЕГ

КОСТА БРАВА – ДИЈАМАНТ НА СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ

Kosta Bravo e raj ispolnet so botanicki gradini

– Лорет де Мар, Тоса де Мар и Плажа де Аро се идеални за сите кои покрај море и плажа, бараат долги, вечерни прошетки под палми или да ги истражуваат скриените траги од “каталонската ренесанса”

Иако важи за најпознат туристички регион во Шпанија, Коста Брава лесно би можел да се опише и како најдобро чувана тајна на Шпанија. Се занемува пред убавината на нејзините крајбрежја, пред богатството на содржини и топлото гостопримство на домаќините. Од нереалниот брег, преку зелената заднина, до “замрзнати во времето” средновековни села и шармантни приморски градчиња, од шунка, сирење и леб, натопени во маслиново масло и домати, преку сочно зготвените свежо уловени риби, до врвните вина и бели “каталонски” сангрии, Коста Брава е вистинска ризница на богатство, која чека да се открие и секој да се заљуби. И со честите посети, не бледнее убавината ни малку. Напротив, колку повеќе се истражува, толку се посилни импресиите. За љубопитните и љубителите на активен одмор, Коста Брава е идеална дестинација.

„ДИВ брег“ – одраз на борбата на морето, ветерот и планината за доминација

Дивиот брег би бил буквален превод. Постојат многу атрактивни крајбрежја во светот, но ниедно нема да прирасне за срцето како ова. Кога кај Порт Бо, малите погранични рибарски пристаништа, масовните Пиринеи се судираат со Средоземното море, почнува крајбрежјето означено со кристално чисто море со тиркизна боја, стрмни карпи кои како да се плод на фантазијата, зад кои се кријат рајски заливи врамени во медитеранските борови. Стркаланите карпи во морето, напиканите камчесто-карпести и песочни плажи, како и растенијата асиметрично навалени, се одраз за доминација на драматичната борба на морето, ветерот и планината. Тоа сочинува пејзаж кој инспирирал многу уметници. Ако сакате да останете на плажа до моментот кога сонцето бега од хоризонтот, ќе станете сведоци на вечната борба, кога низ тактовите на брановите, дивиот брег почнува да го изведува својот величествен марш.

ОД КАМЧЕСТО-КАРПЕСТИ ДО ПЕСОЧНИ ПЛАЖИ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Loret de Mar - najidealno mesto za site atrakcii na Kosta   Bravo

Со гордост се вее на речиси сите плажи на Коста Брава сино знаме што е најпризнат модел на еколошко воспитување и грижа за морето и крајбрежниот појас. На север, плажите се главно камчесто-карпести, додека јужно, почнувајќи од Розес ка Бланес, нуди низа на долги, широки и волшебни песочни плажи. Меѓу познатите летувалишта, како Розес, Плажа де Аро, Тоса де Мар и, секако, Лорет де Мар, се сместиле и најголемите, погодни за сите генерации, фамилии и двојки, активни и пасивни. Влезот на ниту една плажа не се наплаќа. Постојат неколку мали пунктови, на кои со доплата можат да се изнајмат лежалките. Своја опрема за на плажа може да се спушти каде што ќе се посака. Сите плажи се “заградени” со карпи, зад кои, како низа бисери се нижат нови, кои сигурно никого не оставаат рамнодушен, туку мамат со привлечност.

НЕОДОЛИВ ШАРМ НА КРАЈБРЕЖНИТЕ МЕСТА

Брегот на Коста Брава, со природа и растенија, го украсуваат и пристаништата и малите градови со неодолив шарм. Тешко би било да се издвојат фаворитите. Секое место чува нешто автентично за паметење. Меѓу нив, се средновековните села Палс, Ла Перу, Пубол и неодоливиот Кастело д’Емпуриес. Кога се во прашање рибарските пристаништа, тогаш, поради ненарушената атмосфера и совршениот склад со природното опкружување, на списокот меѓу првите би биле Порт Бо, Порт Лигат и Кадакес. Нема дилеми кога се зборува за градовите. “Големата тројка” ја сочинуваат Лорет де Мар, Тоса де Мар и Плажа де Аро. Тие му даваат на секој посетител по нешто, а на некои сé. Идеални се за сите, кои, покрај морето и плажите, сакаат и долги, вечерни прошетки под палмите в долж крајбрежното шеталиште. Мераклиите на истражувањата на најстарите ќошеви од градот ќе ги најдат скриените траги на кои може да се почувствува и темпераментот на локалното население и модернистичкото наследство од периодот на “каталонската ренесанса” од средината на 19 век. Распослани се повеќе музеи, па ботаничката градина, аква паркот и, за сите љубители на “вкусниот залак”, извонредните ресторани, во кои се пренесуваат мајсторските марифети од генерација на генерација. Рај е и за “шопингманите” и за оние на кои им нема смисла летувањето без “клубови”. Предност им е и што и двата најпознати градови на Каталонија, Џирона и Барселона, се оддалечени само неколку часа возење. Како најидеално место на Коста Брава се издвојува Лорет де Мар, во чија близина се сместени сите атракции, а кои при тоа и од оваа точка се лесно достапни.

ЏИРОНА И БАРСЕЛОНА – ПРИЧИНА ПЛУС ЗА КОСТА БРАВА

Barselona e goticki i modernisticki biser na Sredozemnoto   more

Како причина плус летувањето да се мине токму на Коста Брава, се издвојува близината на големите и познати градови. Најзначајни меѓу нив, во смисла на големината на наследство, се Џирона и Барселона. Прекрасната Џирона е подигната на брегот на реката Оњар, во која се огледуваат неговите зданија со пастелни бои. Во стариот дел е сместена и главната улица, преполна со продавници, кафулиња, ресторани, локално население и туристи. Таа води и до бројни атракции. Најзачувана е еврејската населба Европа – Ел Кол и монументалната еднокорабна готска катедрала, која може да се пофали и со најголем размер на готската порта во христијанската уметност. Во непосредна близина е и најпопуларниот верски центар, црквата Сант Фели. Изградена е над гробот на Светиот Феликс. Зоната над катедралата уште чува остатоци од моќните бедеми од времето на Стариот Рим. Духот на старите времиња, легендите кои го следеле таквото секојдневие и бројните траги од освојувачите се запишани во секој ѕид на историското јадро на овој град. Убавина цути од мостовите над Оњар, од кои еден проектирал и славниот Густав Ајфел, како и бројни стрмнини, и често, тесни скалила, заради кои, покрај епитетот “град на илјада опсади”, го добил и оној кој се однесува на нив, “град на стотина скалила”. Барселона е престолнина на цела Каталонија. Често е нарекувана готски и модернистички бисер на Медитеранот. Препознатлива е и како град со шаренолик, космополитиски и опуштен карактер. Авантура е откривање на скриените агли на најмистичните зони. Не помало задоволство предизвикува убавината, складот и шармот на бајковитиот модернистички дел, Еишампли. Брзо се разбира дека круната на убавина е персонифицирана во непресушната енергија, благодарение на која претставува “најживиот град” на Шпанија и еден од најдинамичните во Европа. Барселона бара да í се посвети посебно внимание. Приказната за неа не може да се сведе на неколку реченици. 

Spektakularni gletki i istrazuvanje na zamokot na vrvot na   Tosa de Mar

Loading