МУЗЕИ, ЦРКВИ И 66 ПЛАЖИ

Островот Скијатос – популарна туристичка дестинација

– Борова шума и кристално чиста вода

– Монденско место со многу пристапни цени

– Забави до утринските часови

Zamokot Kastro - Golema karpa vo moreto

Скијатос е еден од најатрактивните острови на Егејското море. Тој го задржал старото име. Името потекнува од зборот “скиа”, сенка, поради тоа што лежи во сенката на планината Пелион.

Со површина од 48 км2, познат е по долгите песочни плажи, борова шума и кристално чиста вода. Оддалечен е 85 км. од пристаништето Волос (2.5 часа пловење со траект). Лоциран е на источната страна на Грција. Главниот град е Скијатос. Единственото поголемо место на источниот дел.  На останатиот дел се туристички населби и хотелски комплекси совршено вклопени во природниот амбиент.

Пешачење и сончање

Иако е мал, островот е популарна туристичка дестинација. Се препознава како монденско место со многу пристапни цени. Познат е и по 66-те уникатни плажи, кои туристите ги посетуваат повеќепати. Со островите Скопелос и Алонисос, дел е од националниот парк со многу ретки животински видови, меѓу кои најпознати се медитеранските фоки. Внатрешноста, главно ридско подрачје, прекриена е со густа борова шума, одлична за прошетки.

Главниот град е убаво место со долга традиција. Релативно е “млад”, во споредба со други градови во Грција. Скијатос има шарм и дух што не се пронајдува на друго место. Во просек, островот е широк шест километри. Одличен е за љубителите на пешачењето. Може да се сврти неколкупати во еден ден. Нема посебни знаменитости, масовни споменици, колосални градби… Но, секоја тула како да има печат од историјата. Во секое сокаче што може да се прошета, се чувствува духот на времето. Иако е мал, полн е со артефакти и археолошки локалитети. Не смеат да се пропуштат манастирите, старите градби и спомениците. Уличките во стариот дел од градот се тесни, нерамни, поплочени, со угорнини и удолнини. Многу е постудено отколку покрај морето или на пристаништата. Наликуваат на сокаците во Венеција или Будва. Интересни се за истражување. Низ нив се најдува музејот на грчкиот писател Александрос Пападијамантис. Попатно мами мирисот на вкусната храна од малите таверни. Преполни се продавниците од секаков вид, најчесто за облека и сувенири  низ поголемите шеталишта од новото пристаниште до обиколницата над Скијатос. Постојат повеќе алтернативи за оние кои не се мераклии за пешачење. Функционира  автобуски превоз на 15 минути од рано наутро до доцна на вечер. Во зависност од дестинацијата, билетите се од едно до едно ипол евро. Таксистите лесно се наоѓаат. За подолг временски период најдобра опција е да се изнајми автомобил или скутер. Развиена е мрежа за воден транспорт. Има многу чамци за панорамско разгледување, такси на вода или бротчиња за прошетки до соседните острови. Населбите покрај градот се туристички одморалишта со хотели и организирани плажи. Градот има форма на амфитеатар, сместен во залив без ветрови. Првин се забележуваат едноставните бели куќи, покриени со ќерамиди и тесните улички меѓу нив.

Музејот, куќата  на Пападиамантис, е блиску до пристаништето. Тој е роден на островот и најголем дел од творечкиот живот го минал токму во оваа куќа. Зачувани се мебелот и сите детали во куќата  на славниот грчки писател.

На северната страна има остатоци од поранешниот град, Кастро. Замокот Кастро е голема карпа во морето, полуостров, каде се наоѓал средновековниот град. Некогашната тврдина, во која имало  се неколку десетици цркви, денес е урнатина. Причина за посети се неколку делови кои ги преживеале вековите. Оттаму има панорамски поглед на сегашниот град. Се стигнува за еден час со автомобил или со бродски превоз.

На врвот од малиот полуостров меѓу старото и новото пристаниште се остатоците од некогашната венецијанска цитадела, поточно ѕидините и неколку топови. Тоа е цитаделата Бурци, која е мал полуостров што го дели заливот на два дела. Островот бил обиколен со ѕидини и фортификации за поморска одбрана. Денес има густи борови насади. Ова е одлична локација за фотографирање и прошетки.

Primer za odlicno organizirana plaza - Kukunaris

Подводни пештери

Старото пристаниште служело уште од антички времиња. Денес, се закотвени малите рибарски чамци, туристичките бротчиња и неколку јахти на брегот каде што врие од таверни, ресторани и барови. Вечерните прошетки може да бидат романтични и незаборавни.

На десетина минути со брод, се наоѓаат три спектакуларни подводни пештери: Темната, Азурната и Бакарната. Без посета на пештерите, одморот не би бил потполн. Лете секое утро тргнуваат бротчиња на екскурзија до морските пештери. Задоволството чини помеѓу 15 и 20 евра, но спомените се бесценети. Поавантуристички расположените, можат да се нурнат во убавините. Нуркачките центри нудат програми на отворено море или на специјални локации, вклучително и подводните пештери.

Контактот со парче од историјата и духовноста не смее да се заобиколи. Најпознати манастири се Панагиа Иконистра и Евагелисмос Теотоку, а најпознати цркви Агиа Анастасиа, Агиа Николаос и црквата на Исус.

Бели камења                                   

Иако е мал, на островот се откриваат плажи за сечиј вкус, со сино знаменце меѓу кои е Кукунариес. Зачудувачки се дивите плажи на север полни со осаменост и со звукот на морските бранови. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи. Најдобро организираните се на југоисточниот дел Изобилуваат со барови, лежалки, чадори за сонце, организирани активности и спортови на вода… Привлекува најубавата плажа со боја на морето Мегали Амос. Таа е исклучително долга. Доаѓаат илјадници туристи и е идеална за оние кои сакаат метеж. Атрактивни се Следни Василијас и Ахладиес, оти се идеални за спортови на вода, погодни за сурфање на ветар. Со околните густи борови насади, вџашува најубавиот песок на Кукунарис. Зад магичниот пејзаж има езеро кое е живеалиште на повеќе видови ретки птици. Местото е заштитено. Банана од најпопуларна нудистичка плажа, а Вромолинос е за млади каде преку цел ден се сервира модерна музика, хитови и парти атмосфера. Сината боја во сите нијанси освојува  во Агиа Параскева и Трулос. На северната страна е егзотичната плажа на песочни ридови, Мандраки. После е релативно мирната, Елија. Поради недопрените природни убавини, вреди да се почувствува морето и сонцето на плажите Микрос, Мегалос Аселинос, Керија, Лименарија. За возбудлив одмор, да се одберат понудите на клубови за водени спортови, нуркање, тенис, јавање коњи итн. Се препорачува островот да се заобиколи со кајак. Се откриваат сите скриени места по брегот. Со ова пловило се стасува и до плажата со бели камења, Лаларија. За ќефот да биде комплетен се нудат еднодневни екскурзии до соседните острови Скопелос и Алонисос.

Скијатос е место, создадено за романтична атмосфера или за семеен мир. Дел од парчето во морето има бурен ноќен живот со дискотеки и баровите што работат до утринските часови. Рестораните и таверните нудат интернационална, специфична медитеранска кујна и традиционални специјалитети. Во секое време може да се купи одлична пита со сирење што традиционално се подготвува на блискиот остров Скопелос. Повеќе видови слатки подготвуваат жителите, а се нудат од продавачите кои шетаат по пристаништата и плажите.

Mal sumski ostrov koj za eden den moze nekolku pati da se   svrti

“Фактор” во славната битка

Во антички времиња, Скијатос имал улога во Персиските војни. Во 480 година п.н.е флотата на Ксеркс била погодена од бура и потешко оштетена на карпите на брегот од Скијатос. Грчките сили ги блокирале поморските приоди и спречиле поморска инвазија. Една година подоцна Персијците биле победени кај Саламис. Во 200 година п.н.е. градот бил уништен од Филип 5 Македонски.

Бурна историја има Скијатос. Од антиката до византискиот период, бил постојано населен. Со војните, населението го напуштило островот или барало засолниште во тврдината Кастро. Во 19 век, тврдината била напуштена, а градот одново населен. За време на Втората светска војна, германските бомбардери ги урнале речиси сите градби, па она што денес постои се новоградби.

Loading